Фан Клуб: Тетекс - Тетово

  • Креатор на темата Креатор на темата sasence19
  • Време на започнување Време на започнување
И конечно првата победа за која што требаше да чекамо 4 кола :D Победа против Ѓорче минимално со 1-0 вчера имав прилика да ги гледам нашиве имамо сварно добар тим што ветуе експресно враќање во прва лига со исклучок на некој играчи у одбрана што сигурно и од дома не ги знаа дека играа фудбал па праеја грешке среќа што Ѓорче има претежно млад тим т.е играа многу од младинците во прв тим па не знаеја да ги искористи грешкете на одбраната.. најдобар на теренот Кристијан Тошевски се гледа дека е од Тетово гризе као лав а имаше и добра шанса у прво полувреме страшен волеј удар :D голот падна у 60мин по едно нафрлуење Бени Демир убоо ја закачи и ни ги донесе првите 3 бода сезонава нареден натпревар се игра со Скопје
 
Тетекс со три нови играчи: Димовски, Додевски и Бујчевски станаа „текстилци“
71744-teteks-so-tri-novi-igrachi-dimovski-dodevski-i-bujchevski-stanaa-tekstilci.jpg

Екипата на Тетекс почна со засилувањата за пролетната полусезона, а нови играчи на тимот се голманот Столе Димовски, потоа дефанзивецот Нинослав Додевски и голгетерот Антони Бујчевски.


Тренерот Горазд Михајлов доби три искусни фудбалери со големо прволигашко искуство со цел тимот во пролетниот дел да обезбеди враќање во Првата лига. Димовски и Бујчевски доаѓаат во Тетекс откако „раскинаа“ со Металург, а Додевски минатата полусезона ги бранеше боите на Пелистер.

Тетовци првата прозивка ја имаат во среда на 13 јануари во 12 часот на игралиштето „Алумина“ во Скопје. Првите тренинзи ќе бидат одржани во главниот град, потоа се заминува на неколкудневни подготовки на Попова Шапка, а последната фаза од подготовките ќе биде во Охрид пред почетокот на полусезоната.
 
Стојан Стојчевски и Димитар Иванов од Вардар во Тетекс..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom