Дисциплинска постапка ќе има и за тренерот на Тетекс, Драги Сетинов поради навреди кон судиите и судиската организација по натпреварот со Металург во Тетово.
“Доволно сум долго во македонскиот фудбал за да ми е сосема јасно дека секој кој сака да стигне до резултатски успех во македонскиот фудбал, дали дома или на гости, а притоа е малку финансиски моќен ќе го нарача господинот Петкоски и ќе си заврши работата. Толку мангупски, толку перфидно судење... Навистина не знам што да кажам“ - рече Сетинов.
Боли вистината...