Тетекс фан ^
100% МАКЕДОНЕЦ
- Член од
- 24 јануари 2009
- Мислења
- 2.396
- Поени од реакции
- 883

Прволигашкиот фудбалски натпревар од саботното 12. коло, Тетекс - Шкендија, се одлага на барање од Министерството за внатрешни работи (МВР). Комесарот за натпревари во ФФМ, Милан Спиркоски, вчера ги прифати сугестиите и за денеска закажа средба на заедничка маса меѓу претставниците на клубовите и МВР за надминување на новонастанатата ситуација. Овој потег од ФФМ доаѓа во низа од по два непријатни фудбалски викенда во кои навивачите имаа главна улога. Најпрво со симнувањето на македонското знаме од јарболот на стадионот во Кичево за време на средбата Напредок - Шкендија, потоа со демолирањето на стадионот од страна на гостинските навивачи, кои подоцна добија забрана за патување во гости кога игра нивниот клуб. Изминатиот викенд во Струга крвнички беше претепан судијата Симеон Стефков од домашните симпатизери на полувремето од второлигашкиот меч Влазними - Беласица. Случајот е во постапка за расветлување, теренот на Влазними е суспендиран.
- Луѓето од Министерството се задолжени за безбедноста и одлучивме да го почитуваме нивното барање - кусо ја образложи својата одлука комесарот за натпревари во ФФМ, Спиркоски.
Причината за побараното одлагање на средбата Тетекс - Шкендија се оперативните сознанија дека на средбата во Тетово меѓу градските ривали може да дојде до ново насилничко однесување од старана на навивачките групи. Според сознанијата што ги имаат на располагање инволвираните во овој случај, можно е ситуацијата да ескалира и низ улиците во градот под Шар Планина, кој е населен со етнички мешан состав. Ваквите информации вчера беа засилени со најавите дека навивачките групи на двата тима ќе бидат помогнати од приврзаници од други екипи.
За да не се случи судир од поголеми размери и да не добие етикета со етничка припадност, одлагањето на средбата се оправдува како превентивен чекор што го прифаќа ФФМ. Ривалитетот меѓу Тетекс и Шкендија е зачинет со навивачки испади и не датира од сега. Во изминатата сезона, од истите причини, двете екипи како финалисти на купот во регионот на ОФС Тетово не можеа да го организираат натпреварот на стадионот, на кој двете екипи играат како домаќини. Натпреварот не се одигра. Беше донесено соломонско решение да се игра на неутрален терен во Кичево, каде што Шкендија не се појави на мегдан. Тетекс го доби мечот со службен резултат и го продолжи натпреварувањето, во кое на крајот го освои и победничкиот пехар. Тензиите продолжија и за време на првата прволигашката пресметка меѓу овие две екипи на стартот од новата сезона, на 31 јули годинава. И тогаш навивачите беа тие што расчистуваа сметки, натпреварот, благодарение на разбирањето на раководствата на двата клуба, и покрај долгите прекини, беше приведен до крајот. Тогаш „домаќинот“ Шкендија за ваквото однесување заработи казна од два натпревара играње пред празни трибини.
Сега домаќин е Тетекс. Во опција е играње на средбата на неутрален терен, што е неприфатлива за „текстилците“. Струмица вчера се споменуваше како дестинација каде што овие две екипи би можеле ги одмерат силите. Според Правилникот за натпревари, до одигрување на 13. коло на 6 ноември треба да биде комплетирано претходното 12. во кое треба да се сретнат Тетекс и Шкендија. В среда, на 3 ноември е последниот рок до кога може да се изнајде нов термин или, пак, да се одложи комплетното наредно коло. (Д.Н.)
извор
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D7E9016486A1E0419EC9D697C939F799