Слабо го почнавме натпреварот, некако како да спиеја нашите, но после се поправија мислам се адаптираа на теренот.
Судијата бе еј...пак треба да им пишуваат на ФФМ нашите, црвен картон за фаулот над Фазлиу и потоа чист пенал од голманот.
Жуниор ја реши оваа, ќе прерасне во класа играч а се надевам од следното коло во стартната постава ќе биде и Имери.
Според денешниот натпревар на следниот натпревар против Ѓорче Петров, Вручина би го седнал на клупа, а Куртиши од почеток да игра.
Белица заслужува една шанса, да биде во стартниот состав на местото на Нури Мустафи.
Европа е недостижна веќе, сега ќе се игра за престиж, а со тоа и притисокот над играчите ќе биде помал па можеби полесно ќе играат.
За следната сезона не се очекуваат коренити измени, само ќе се дополни составот. Според зборовите се тоа ќе бидат класа играчи за нашето првенство.
Што ни треба за следната сезона!?
По еден лев и десен бек, еден централен дефанзивец кој би бил партнер на Милиев, последен играч за врска, плејмекер и уште еден играч од средниот ред кој би бил резерва.
Ако ни останат напаѓачите тогаш не ни треба засилување таму, исто така и крилните играчи се доволни овие кои ги имаме.