Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Тоти направи вистинска магија кога ги отпиша 5играчи на Наполи за подоцна од 2додавања падне голот.
Кој талисман го имаме луѓе!!!
Наполи тешко дека можеме да го стигнеме имаат полесен распоред и 2од 3 натпревари играат дома но математички имаме шанси се е можно..
 
Пероти нели крило беше? Сега гледам дека напред го форсира Спалети, принудно решение поради немањето на асален напаѓач или? Под немање напаѓач, мислам на неписменоста на Џеко и годините на Тоти.
 
Тоти максимумот кој може да го пружи е последните 10 минути.Тогаш Тоти влева свеж, додека противниците се при крај на силите, и на тој начин тој го користи тоа да ја реше утакмицата.Не е тоа случајно, мислам и Тоти го сфати тоа.Тоти сеуште е вешт, ја контролира топката, има неверојатни потези, но е бавен спор, и се заморува,а сеуште е играчиште.
 
Последно уредено:
Има шпекулации за Фелаини во Рома, отприлика 15м евра. Вчера бил на Олимпико и наводно после имал вечера со Наиголан, Пјанич и Учан. Според мене топ трансфер би бил за Рома.
 
Se moze da se kaze za TOTI ama deka e hirurski precizen i nikogas ne igra na pamet za razlika od drugite :) Takva nova krv ni fali :)
 
Спалети ја препороди Рома, штета што дојде многу доцна.Не е задоволен од тимот, така да летово ќе има што да пратиме, се надевам ќе донесат асални играчи.
 
Пероти нели крило беше? Сега гледам дека напред го форсира Спалети, принудно решение поради немањето на асален напаѓач или? Под немање напаѓач, мислам на неписменоста на Џеко и годините на Тоти.
Лажна деветка игра, а порано најчесто во др тимови играше по страните, но се гледа дека е класичен ол раунд играч, односно полупиц, нешто како Менез
 
Ништо чудно Спалети да го замени Конте во репката..
 
Тоа е тој фудбалски бизнис :(
Наинголан воинот, ратникот ќе го продаваат во Челзи...
Па добро бе стоке едни стокосани зошто???
Имамо 10тина играчи за продавање кои што ни се па така да се извадат пари за обавезните откупи што ги имаме за неколку играчи!!!
Ќе набројам играчи кои ќе ја напуштат Рома летово па така кај ќе ќариме на нив така и од платите нивни ќе се спасиме..
Повелете :
1.Умар Садик 20мил €
2.Антонио Санабриа 22-25 мил €
3.Сејду Думбиа 15 мил €
4.Адем Љаич 13 мил €
5.Един Џеко 20 мил € од кои половина одат на Манчестер Сити
6.Итурбе 15 мил €
7.Паредес доколку се продава 20мил €
Вкупно: 95 до 98 милиони евра заработка ќе направат од играчи кои не ги рачунаат за идната сезона!!
Олеснителна околност ќе биде и истекот на договорите на :
1.Маикон
2.Кеита
3.Учан
4.Торосидис ќе биде продаден како и Де Роси можно е како и ред други играчи..
Вака сосве овие по некоја груба проценка Рома ќе ќари околу 110милиони евра!!!
Кај се ратите од Бертолачи и Ромањоли???
И ќе дојде Палота да каже морало една звезда да се продаде заради финансиски фер плеј???
Кого лажете бре??
Ќе кажат дека стадион прават така???!!!
-Кој стадион, кој?? Една лопата не фрлиле бре луѓе само лажат не ни почнале да копаат ниту имаат нацрт план!!!
Кој им е крив што не се способни да најдат главен спонзор на дресовите и да лапнат дополнителни 15 мил евра годишно???
И сега ќе дојде некој дека Раџа мора да биде продаден??
Па за колку за 35-40милиони???
Барем заколете ги едно 60мил како секоја нормална екипа што прави (читај Порто, Бенфика) и парете по лекарства трошете ги мамето ваше американско!!
Боже прости ми постим...
И кој ќе игра наместо Раџа??
Канте од Лечестер?? Не оправениот Стротман?? Де роси??
Никогаш нема екипа да бидеме со овие ајдуциве!!!
Врати се Франко сакаме скудето!!!
 
Кој ќе ти даде 100 милиони евра за тие играчи бе? :pos:

13 за Адем и плус 7 за останатите :icon_lol:
Умар Садик 20, Леандро Паредес 20, Санабрија 25, Итурбе 15 е како не бе, овие ни на фм не можеш да ги продадеш за тие пари.
 
Не соли памет кај ќе стигнеш..отвори види малце колку гола има дадено Санабриа во Хихон и колку нуди Атлетико, Барса и Реал!!!
Арсенал нуди 20за Садик, Ливерпул 20за Паредес еве не мора по толку скрати им по 2-3мил, не само трескај зелени!!
 
И јас сакав истово да го пишам. 15 за Думбија? се заебаваш така? Тој играч во моментов вреди најмногу 3. Итурбе 15? хахаха Итурбе и Думбија вкупно имаат 3 утакмици заедно изиграно ти мислиш дека 30 можат да се извадат.
А за Садик, Санабрија и Паредес се само шпекулации и ништо друго исто како и за Најнголан така да не кревајте паники. Уште не почнат трансфер маркетов се креваат галами. Ако е така зошто не се буните што сакаат да го купат Фалкао, Фелаини и Иванович?
Го сакам Најнголан и не сакам да си оди ама и да си оди не е крај на свет не зависиме од еден играч. Во Рома треба промена на менталитет и ништо друго.
 
Кина и се е можно ;) знаеш и самиот колку даваја за Думбиа зимоска..
Ок еве може напумпана е цената на Итурбе и Думбиа ама дека двоцифрена бројка ке им извадиме на двајцата тоа сум сигурен..
Има време ајде да почекаме, па ќе правиме муабет ;)[DOUBLEPOST=1461797180][/DOUBLEPOST]Не ни сакам од тие споменатите Фалкао, Фелаини и Иванович да дојдат!!
Убаво си пишал во Рома треба промена на менталитет тоа важи за не продавање на главните играчи секое лето!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom