Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Ха ха за дрес на Рома најубаво инвестирај во имиња како Де Роси и Тоти, меѓутоа и Мексес не е лоша варијанта. А инаку за Аквилани сеуште не се јасни работите. Ќе видиме дали дечкото ќе отиде во Ливерпул. Ќе биде зафркнато ако замине поготово како што сме слаби со организтори на играта, меѓутоа по се изгледа тоа ќе биде цената што ќе треба да се плати за неиграњето во Лигата на Шампионите. Епа ако се случи овој трансфер тогаш дефинитиво ќе треба да и честитаме на Росела за нејзиниот план за уништување на клубот.

Еве една песна за нашата претседателка компонирана од Бруско.

Респект за Чавич за потегов на Светското првенство во Рим.
cavic1.jpg

на Де Роси и Тоти имам и бев порачал да ми донесат на Аквилани ама гледам каква е ситуацијата па веднаш ја известив личноста која денеска ќе си дојде од Рим да проба да најде дрес на Мексес:toe:
а за Аквилани ќе ми биде многу криво но нема да биде само тој продаден се спремаат продажби на Менез и Баптиста(оваа е цената што ќе го задржат Вучиниќ)
 
Лошо е, многу лошо што треба да продаваме играчи како што се Аквилани, Баптиста, Менез. Се надевам дека колку толку ќе се надмине во поскоро време кризата...
 
лоша вест Вучиниќ денеска е опериран и ќе паузира 20 дена, врз него е извршен хируршки зафат при што е извадена една коска од неговото колено голема колку грашок
 
Ливерпул на својата официјална страница изјави дека се договорил со Алберто Аквилани, а во Петок се очекува да пристигне во Ливерпул каде ќе ги помине медицинските прегледи и ќе стави потпис на договорот со Ливерпул..линк
 
сепак уште не е официјално
 
сепак уште не е официјално
Рома и Ливерпул се договориле за висината на оштетата за Алберто Аквилани, останува уште Ливерпул да се договорат со играчот, и како што се вели низ сите Шпански и Италијански медиуми, во Петок Аквилани ќе биде играч на Ливерпул..
 
лелеле ќе цркнам од нервоза како можеа Аквилани да го продадат сега се уверив и со мој очи, поарно Баптиста, Менез и Бриги да ги продадоа само Аквилани да останеше, ах таа Росела што и направи на Рома го уништи тимот, упропасти една традициа, прво дозволи Петручи да си замине така лесно а беше најголем талент на Рома помлад и од Македа, а сега еве и Аквилани, да го продадеа клубот немаше вака да биде сега освен Аквилани ќе "лета" уште еден добар играч Баптиста,Менез,Бриги а се спомнува и Хуан, Спалети вели ќе се купат замени за играчите кои ќе бидат продадени ама какви замени, некои просечни играчи за 5мил евра или некои слободни агенти, сега кој сака нека ја купи Рома жабе им е кога го загубивме Аквилани, само се тешам што не отиде во некој од италијанските тимови е тоа навистина ќе ме докрајчеше
 
Pupone тоа е реалноста сега за сега не е розова далеку од тоа меѓутоа таа е. Само не се нервирај толку, Рома знае да приреди секакви изненадувања и пријатни но и многу непријатни како ова сега. Росела дека ја зафркна тотално работата со клубот ја зафркна тое е факт и не помислувам повеќе да дискутирам за женава оти не го заслужува тоа. Секоја чест на татко и Franko Sensi - Бог да си го прости направи многу за Рома, меѓутоа ако клубот се третира како семејно наследство и се префрла од татко на ќерка и на луѓе кои што поима немаат од фудбал тогаш нормално е да се случуваат вакви работи. Е сега да му пожелам на Аквилани се најдобро во понатамошната кариереа, момчето го заслужува тоа. За ништо нема ни да го обвинувам ниту па имам за нешто да му замерам, едноставо тој беше жртва на Росела. Сега ќе чекаме само и ќе гледаме како ќе расте незадоволството кај тифозите на Рома, и ќе видиме кога ќе го кренат и тие својот глас.

Во чест на Алберто

еве стрим од утакмицата Рома вс Гент http://www.fromsport.com/video-52403.html

по првото полувреме Рома води со голот на Тоти ја гледам утакмицата но ми закочи баш за голот и не го видов
 
Браво, браво, 1-7, Тоти, Де Роси и Менез се во страшна форма, и на првиот тие стрелаа ако не се лажам .
 
одлична победа на Рома сите играчи изиграа фантастично Тоти три комада Де Роси два и по еден Менез и Окака не можам на некој играч да му замерам сите одиграа перфектно инаку првата два Тоти и еден Вучиниќ
 
Честитки за страшната победа, 1-7 нешто незаборавно иако е против Гент. Победа што неверојатно ми го разубави денот, иако ова беше ден на мака и нервоза за сите навивачи на Рома поради трансферот на Аквилани, меѓутоа момците се потрудија според мене да докажат нешто. Да докажат дека оваа сезона колку и да нема засилувања, колку и да има опструкции, тие ќе се борат. Ме радува што повторно можам да видам една ваква Рома со многу жар и мотивираност. Нека ни е честита победата уште еднаш и утре да го чекаме последниот противник во квалификациите.
GRAZIE ROMA!
P.S. За првиот натпревар мислам дека беше 1 гол Мексес, 1 гол Тоти и 1 гол Вучинич.
 
ајде честитки за високата победа а оваа година очекувам повеќе од рома барем лига на шампиони да влезе
 
Благодарност до честитките, нека се враќа и кај вас.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom