Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
samo priznajte dali ne vi idese da go ubiete sudijata koga mu ja zede topkata na totti :smir: jas da bev ke go zadavev:pos2:
 
Навистина нема причини за никаково оправдување, пораз голем и горчлив пред се затоа што е од најлутиот ривал. Незнам уште колку вакви порази ќе треба да се претрпуваат за само да им се отворат очите на некои луѓе во клубот. Да бидеме реални оваа година не го заслужуваме 4-то место. Можеби за некои ќе бидам остар во критиките,но јас мислам дека сум само реален. Ниту во едно дерби не покажавме вистинска игра (освен она со Интер на гости). Разочарувачки игри со послаби екипи. Едноставно не одат работите. Можеби некои ќе рече повреди, сузпензии, но сето тоа не може да биде оправдување за екипа како Рома. Се на се една промашена сезона, во која можеше и мораше да биде подобро. За понатаму не се знае, ниту дали ќе остане старото раководство ниту дали ќе остане и тренерот. Но ако веќе остануваат треба да знаат дека на Рома и треба нешто повеќе.
 
потполно се согласувам со тебе не заслужуваме 4-то место ништо не покажавме оваа сезона една работа што ќе ми остане во сеќавање е натпреварот со челзи и ништо друго
многу сум разочаран по натпреварот со лазио но јбг сосема заслужена победа сега да се надеваме дека играчите кои треба да го обноват договорот како на пр: вучинич и аквилани ќе го сторат тоа бидејќи секој не му се игра куп уефа:(
 
Ова што сакам да го покажам со клипов долу е тоа што мислам дека и треба на Рома во моментов. А тоа е мотивација!!! Заслужува да се погледне. Да се погледне и да се разбере дека треба да се одиграат последните неколку натпревари со барем малку достоинство. Мислам дека ова треба да го прави и некој и во клубот, а доколку немаат таква личност тогаш барем нека ја погледнат оваа сецена од филмот, и нека ја гледаат пред секој натпревар. Затоа што мислам дека може да биде од голема помош. Затоа што на јасен начин е објаснета разликата помеѓу поразот и победата. Некои може и го имаат гледано овој филм, но оваа сцена е нешто посебно, овој говор е нешто посебно. Само ова е тоа што е навистина потребно ако си вистински играч.
 
Мексес заработи 3 натпревари суспензија, Спалети и Панучи ќе паузираат 1 натпревар. Оваа година колку црвени заработивме, мислам дека на прво место сме по црвени каротни во Италија. Се на се една нервозна сезона исполнета со многу неуспеси.
 
на полусезона бевме први во црвени картони веројатно и во вториот дел не сме се симнале од првото место:)
 
Мислам дека мали ви се шансите за во лига на шампионите , Како е можно да му дозволите така на Пандев да ви даде гол,Со Милан не претнува , Ајде да се надеваме дека Рома може да влезе во Лига на Шампиони и да го спасе италијанскиот фудбал во лига на шампиони оваа год. запеза,ниедна екипа немаше во 4-на финале , Здравје до година позз и со срека понатамошниот дел од сезоната нека в и се множат победите
 
Мексес заработи 3 натпревари суспензија, Спалети и Панучи ќе паузираат 1 натпревар. Оваа година колку црвени заработивме, мислам дека на прво место сме по црвени каротни во Италија. Се на се една нервозна сезона исполнета со многу неуспеси.
Ко што стојат работиве не само во црвени картони туку и во повреди сме први.:jaj:
Да се надеваме дека следната сезона ке ни тргне добро, со помалце повреди, помалце киксови и да се надеваме дека ке дојде некој играч како засилување.
 
Миланез4е диши малку!! Кој ве избаци од куп на Италија!!! И тоа на Сан Сиро, еден од игра и врз него пенал па види ти дали не мрда Пандев против Милан!
 
сега сакам сите утакмици до крајот да ги добиеме па да мислиме на наредната сезона
летен трансфер кој го посакувам е Џузепе Роси кој би бил одличен партнер на Вучко во нападот
 
Е и јас сакам Pupone многу играчи да видам во Рома ама со ова раководство тешко дека тоа ќе биде можно. Јас предлагам една чистка првен да се напрви во екипата, да се види што е тоа што вреди да остане, што е тоа што треба да се доразвие и да се даде на позајмица и што е тоа што е непотребно и треба да се продаде. Како прво пазете ситуација, имаме три голмани што се Бразилици (Doni, Arthur,Julio Sergio). Сите овие според мене треба подитно да се продадат. Да се врати назад Курчи и да се купи плус уште еден голман. ( По можност не Бразилец). Е сега што се однесува до раководството, ако минатото лето се извлече и успеа да опстане на чело на клубот фамилијата Сенси, мое мислење е дека ова лето можно е да дојде до нивна смена.(Како надоврзување на ова е и денешната вест кој се прошири дека француската компанија која се занимава со нафтен бизнис TOTAL, е заинтересирана за Italpetroli - компанија во сопственост на фамилијата Сенси преку која се и директни сопственици на клубот Рома.) Се поголема е и нетрпеливоста кај навивачите на Рома, кои сакаат да го видат тимот повторно на здрави нозе, знаете бесот на навивачите во Рим како се изразува и врз клубот и врз раководството доколку нема успеси. Се надевам на едно интересно лето во кое ќе се консолидира екипата.

Новиот стадион на Рома што ќе започне со изградба наскоро ќе биде во стилот на Вембли. Вучинич го продолжи договорот со Рома до 2013 година.
5cd0924de18c0126ccf7d8e19c104039.jpg
 
можеби време е да земат некоја пара од Дони а да го вратат Курчи можеби треба Менез да се искористи во замена за бен арфа или Џ.Роси исто така и Рисе слабо игра па можеби треба да се донесе некој лев бек како Мота, Баптиста би било добро да остане и наредната сезона но прво да се продолжат договорите со Хуан, Вучинич и Аквилани, може и едно добро офанзивно крило по десната страна Макси Родригес или Силва(моја желба)
а голема е гверојатноста оваа година да се продаде тимот на странски газди:helou:
 
баптиста е можно да го позајмат во некој друг клуб :tapp: тоа за мене би било чиста глупост, не е некој млад играч па да го чекаат да собере искуство во некој друг тим, да кажеа дека менез ќе го позајмат е тоа е веќе друго, а баптиста поарно да го продадат отколку да го дадат на позајмица
 
Ова се играчите на располагање за утре, повторно еден прикрпен состав, и веќе знаете играчите со ѕвездичка се од примавера тимот.
7 DAVID PIZARRO
10 FRANCESCO TOTTI
11 RODRIGO TADDEI
12 PIETRO PIPOLO
13 MARCO MOTTA
14 FILIPE
15 SIMONE LORIA
16 DANIELE DE ROSSI
17 JOHN ARNE RIISE
19 JULIO BAPTISTA
20 SIMONE PERROTTA
21 SOULEYMANE DIAMOUTENE
22 MAX TONETTO
23 VINCENZO MONTELLA
25 GUILHERME DE MORAIS GUSMAO ARTUR
27 JULIO SERGIO BERTAGNOLI
33 MATTEO BRIGHI
36 RICCARDO BROSCO*
38 MARCO D’ALESSANDRO*
39 ADRIAN STOJAN*
40 ALESSANDRO MALOMO*
41 SEBASTIAN MLADEN*
77 MARCO CASSETTI
 
одличнои лазио тепале против џенова е сега ни да тепаме и ќе се врати трошка надеж за 4-то место
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom