Фан клуб - РК Вардар

Треба да пробаат да земат некој бекови од Франција. Доста голем подем имаат екипите таму. Еве Нант денес гази, Металург ги договара браќава Њокас..
 
Очекувања за во сабота ?
Интересно е колку ние се мачиме со помаливе екипи, а Еурофарм ги газат многу лесно.
Се надевам нашиве ќе се измотивираат од титулата, инаку како мртви пувала се на натпревариве.
Некако ми оди дека ќе ги загубиме и двата дуели со нив до крај, но сепак ќе го освоиме првенството што во моментов е поважна работа.
Очекувам интересно финале и тесен пораз во него.
 
Не знам, со оглед на тоа дека го нема Гаџа кој се виде колку е корисен и како се шета низ одбраната на Стерјо бојс мислам дека ќе биде густа. Не знам колку Стево има подготвено план Б, со оглед на тоа дека на првиот натпревар во првенството се отворија доста карти и претпоставувам дека аптекариве ќе имаат доста сменети работи во нивната игра за разлика од првата ( бар за очекување е, пошо ако останат на тоа го јадат). Засилени се пред се на гол, мада коа го гледам и овој Хендави не ми остава не знам каков впечаток искрено. Ќе видиме, моја прогноза е дека ќе биде густ натпревар, мислам дека они помотивирани ќе влезат во натпреварот. Пак ќе биде клучно фокусот да биде на овој Периќ и Мандалиниќ, останатите нека шутираат не се кадарни да издржат цел натпревар. Ќе биде убаво да го земеме и купов, ама нема да биде никаква трагедија и ако изгубиме. Поважно е да нема повреди и да ја одработиме втората за титула.
 
Последно уредено:
Апсолутно се согласувам со @Centarski и @Saber Rider. Сакам да освоиме, ама од друга страна би го жртвувал финалето, само да не се повреди уште некој за реваншот во првенство. Не дека малку ни фали Гаџа, па уште некој плус.
 
Се согласувам и јас. Мислам дека ако утре победиме со повеќе голови разлика нив ќе им падне мотивацијата за натпреварот во Битола. Очигледно доста ни фали Гаџа, за нив се збори дека му се вратиле некои клучни играчи за разлика од претходниот натпревар, искрено не сум ги гледала многу а според тоа голманот од Египет некако не ми остави некој впечаток. И минимална победа би била супер, но како што кажавте и да изгубиме не е ништо трагично.
 
Ako go znae nekoj ovoj neka pise :)
 
Ako go znae nekoj ovoj neka pise :)

Изгледа ќе правиме колекција од леви бекови и голмани...
 
Ako go znae nekoj ovoj neka pise :)
Прашањето не е кој е типов, туку што правиме со толку леви бекови?
 
Добар играч е Бонефон, ама како тоа ЕДЕН организатор на игра не се споменува во сите вести кои кружат?
 
Добар играч е Бонефон, ама како тоа ЕДЕН организатор на игра не се споменува во сите вести кои кружат?
Го чуваат у тајност, да не ни го лапне Веспрем пред нос. :D
 
Тале продолжи договор, се надевам дека ова значи Севаљевич напушта, иначе нема смисла со 4 леви бекови а 0 средни.
Знам се зезам,затоа ставив смајли

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Полека бе, се работи и на носење на среден бек, сигурно нема да остават да бидеме без среден. Ја се надевам и на уште еден десен бек.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom