Фан клуб - РК Вардар


Таман као порачано интервјуто:)
 
Јотиќ си оди, а ние зборуваме за посилен Вардар :D
 
Јотиќ си оди, а ние зборуваме за посилен Вардар :D
Сајбер, и ти заебааш сега. Мислиш за Кара или Скубе збориме дека си оди. Само нека има кеш, Јотиќ е лесно заменлив. ;)
 
Ако го заменат со Скубе, Карачиќ или Зарабец, океј, ама сите знаеме дека нема. Во ситуација во која не можеме многу да бираме, Јотиќ ќе ни беше еден од подобрите играчи.
Состав за идна сезона се гради ова време, а ние засега ги имаме само Кудиз (за кого јас не знам апсолутно ништо, освен што сум ве читал по темиве), Џукиќ на чие доаѓање се радувам и Гурбиндо кој реално доаѓа само затоа што е женет или ќе се жени со македонка. Заминуваат Чупиќ, Дисингер, Јотиќ и Кизиќ оди во директниот ривал. Не е баш ветувачки ремонтов. За русиве нема потврда дека ќе останат, а ако отиде Дибиров, толку е од клубот.
 
Нека го дадат. Ама не гледам како ќе бидеме појаки следната сезона.
 
Мене потенцијалното заминувањев на Јотиќ воопшто не ме плаши, има играчи. Али информацијата за потенцијалното доаѓање на Чаневски и тоа како ме плаши.
 
Дека ќе го заменат со некој од нив тројца, сигурно нема. Ама играч на негово ниво се наоѓа. Единствено кесичката со пари треба да се одврзе. :)
Плус, ќе земеме и пари за Јотиќ, колку и да се мизерни сумите во ракометот. Очигледно типот сака да се проба во Бундес и не гледам логика да го држиме со сила. Несреќен добар играч е полошо од среќен просечен играч.
Што се однесува до Чаневски е тотален фејл, ако е вистина. Но, од друга страна ќе мора да почнеме да пазариме и македонски играчи. За жал. Од 2022/23 бројот на странци ќе биде намален на шест, од кои тројца мора имаат најмалку 10 настапи за сопствената репрезентација.
 
Чаневски официјално не продолжува со Еурофарм, ама не гледам зошто би го земал Вардар него.
 
 
Страшно ова со Борко. Има проблеми со коленото, но ќе ослабе едно 10кг и ќе биде оној стариот Борко следната година.

Иако Михајло вика дека има договор Борко на уште една година. Ама паматм пишуваше дека имаше на полу-сезона за 2020, и после ко го продолжи на уште една. Секој случај интересно што Кантагрел и Кизиќ очигледно не биле задоволни и сакале сами да си отидат.

А мислам дека од интервјуво, јасно е дека Стевче ќе лета на лето.
 
Тале останува, Боре останува, Стево останува = боље да не го читав ова..
 
Сума сумарум:

1. Доаѓаат Томовски и тоа полското младо лево крило. Се преговара и со некој бек од Египет.
Најавени се и други засилувања.

2. Си заминуваат и Кизиќ и Кантегрел, Борко останува. Мајко мила ако мислат да бркаат најдобри 8 во ЛШ со Борко и Томовски. Кизиќ барал гаранција дека ќе игра стандардно и затоа побарал раскин на договор. Кантегрел исто.

3. Алушот веројатно си оди.

4. Кузмановски и Манасков биле контактирани, ама не откачиле.

5. Ќе се потруделе ТАЛЕ ДА ОСТАНЕ.

6. Ф4 мишн импасбл.
 
Нема да остане Стевче. Јасно кажува дека му ветил шанса до крај на сезоната (што е коректно) и дека резултатите си кажуваат како ја искористил. Погоре кажува Михајло дека не е задоволен од ЛШ сезоната и дека многу бодови безвезе се продале (со Елверум, Порто, Мешков). Очигледно е дека не е среќен. Ја го отупев со Вујовиќ, ама ми делува и тука ко да навестува дека може да дојде он.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom