Фан клуб - РК Вардар

http://www.g-sport.mk/vest-statija/74548/vaka-se-igra-od-sega-vaka-da-igrate

Вардар следната сезона нема да биде ова што е. Нема да згасне како женскиот, сепак, традицијата што ја има машката екипа е поинаква приказна. Можеби буџетот нема да биде со седум блиску до осум цифри, туку ќе биде со скромни шест кон седум, но сите тие што ќе го облечат „црено-црниот“ дрес, ќе мора прво да сфатат каде дошле и што треба да прават.

А, ако некогаш се најдат пред ѕид или препрека што од прв, втор или трет обид не може да се мине. А ќе има безброј такви, нека погледнат снимка од вчерашниот натпревар, таа нека им биде водич во кариерата и репер за тоа како треба да се однесуваат на теренот. Оваа екипа, остави богатство што не се мери со пехари и купува со пари во нивно наследство.

Публиката вчера беше за десетка, социјалните мрежи вријат, но да потсетиме на еден малку подзаборавен факт. Вардар вчера не го одигра последниот натпревар во Скопје. Ќе игра и во понеделник со Металург, ќе игра и во Купот на Македонија, ќе игра уште натпревари на домашна сцена, ќе го гледаме и наредната сезона, каков и да е. Повелете... лани славеше шампионски пехар во „Јане Сандански“ пред 20 гледачи. Годинава нека не биде така.
 
Ау, сега прегледав слики, снимки, изјави од играчи и ги изгледав последните 10-тина минути, се расплаков ко мало дете. Колку што е тажно што завршува оваа приказна, толку сум и среќен и срцево ми е полно, што имавме шанса да го доживееме ова. Вакви играчи, ваква поврзаност, ваква хемија ретко кој тим го имал, не само во ракометот, општо во спортот, створивме нешто огромно и оставивме огромен белег во европскиот ракомет, и треба да сме горди на тоа! :cuc:
 
123.jpg

Сликава ми искочи на фејсбук од пред 5 години. Со балони спремни за прослава и со се. Кај бевме тогаш кај сме сега... да ти ебам политиката!
 
Гога Дрога дојде на почеток на утакмицата со обезбедување, седна на редот пред мене и седеше ко кип цела утакмица. Само за политички поени. Ја загледав 3-4 пати и не се ни мрдаше.

Иако не сум "комита", доколку навивачите се приклучат кон тоа да го финансираат клубот и јас би се нафатил да донирам колку што ќе треба месечно, само колку да биде меѓу најдобрите во Европа.
 
Иако не сум "комита", доколку навивачите се приклучат кон тоа да го финансираат клубот и јас би се нафатил да донирам колку што ќе треба месечно, само колку да биде меѓу најдобрите во Европа.

Тоа со донирањето што почна да се шири приказна е доста невозможно,како прво кој ќе раководи со тие пари?Кој гарантира дека тој нема да си "краде",плус ако се врти добра пара одма ќе се вмеше политиката и ќе отиде све у курац.
 
Епа што, да чекаме клубот да се распадне?
Или да се нуди на јаки бизнисмени надвор или на некој од дијаспората.
 
Иако не сум "комита", доколку навивачите се приклучат кон тоа да го финансираат клубот и јас би се нафатил да донирам колку што ќе треба месечно, само колку да биде меѓу најдобрите во Европа.

Еве Панчо на фејсбук повикува 1 милион луѓе да дадат по 10 евра за Вардар да продолжел. :pos:

http://prntscr.com/nhg7mp

Греб греб лајкчиња.
 
Тоа со донирањето што почна да се шири приказна е доста невозможно,како прво кој ќе раководи со тие пари?Кој гарантира дека тој нема да си "краде",плус ако се врти добра пара одма ќе се вмеше политиката и ќе отиде све у курац.
Истата управа што е до сега да си остане.Оти се гледа како успешен проект.Фан зоната треба да проработи како спас за Вардар продажба на дресови итн низ градови.
 
Истата управа што е до сега да си остане.Оти се гледа како успешен проект.Фан зоната треба да проработи како спас за Вардар продажба на дресови итн низ градови.
Фановите можат да помогнат ама тешко дека ќе се соберат којенае колку пари.
Можно е нешто такво доколку се најде некој спонзор што ќе вложи барем едно 700к,па уште нешто од публиката ќе се направи некој буџет да може да се игра ЛШ.
Ама во таква ситуација клубот ќе биде пак на стаклени нозе,кој играч ќе се нафати да игра во таков клуб кај што навивачите ќе го кројат буџетот.
Таа приказна се шири сега пошто сеуште сме под еуфорија од мечот со Сегед.
За некои 5 години нема никој да сака да донира.
Сепак ова е невозможна мисија.
 
Некој што беше во сала, може да сподели дали на Кањелас и Македа им беа дадени дресови како што сите екс-Вардарци добија сезонава?
 
Некој што беше во сала, може да сподели дали на Кањелас и Македа им беа дадени дресови како што сите екс-Вардарци добија сезонава?
Не, дури ни аплауз не добија, Кањелас колку толку доби ама за Македа ништо. Верувам дека никој не ни обрна внимание на нив нити се замараше кога имаш утакмица што решава за ф4 и е речиси последна во Скопје.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom