Фан клуб - РК Вардар

Голманов најмалце 10 гола прими у долен десен агол,и он упорно си се фрла на лево.:mad:
 
Мене малку мистерија ми е овој Киселев. Нема некои посебни физички предиспозиции, не е нешто брз, атлетски надарен. Баш ко некој просечен балкан играч ми делува.
 
Супер голман е. Грамаден е но сепак еласитчен, има добар рефлекс, ќе треба да се координира со одбраната за да не прима така пацерски голови. Вака по неколку утакмици се глеа деак има мозок да ја чита играта.

Гарантира 10+ одбрани на утакмица, така да тоа сега не е толкав проблем, колку немањето замена за него.

Ростерот е солиден, сеуште присутни се класа играчи, плус добри опции за ротација. Тимот е доволно квалитетен и искусен да се бори за таму 4-5-6 во групата во ЛШ и да се прошета у СЕХА. Пародно е доволно квалитетен тренер, прашањето е само како ќе се постави кон играчите и колку тие ќе го слушаат.

Значи играчкиот и тренерскиот кадар се на задоволително ниво. Доколку нема опструкции од финансиска природа, верувам дека ќе имаат солидна сезона пак. Нормално не тоа што се навикнавме изминативе години, но сепак солидна.

Но за жал, тешко дека ќе поминат и они без финансиски проблеми, кои ќе влијаат на све во клубот...
 
Кај го најдоа овој Киселев, ништо карактеристично нема за да го одвои, просек тежок.
 
Има потенцијал екипата, уште да се вратат Игор, Столе и Вуко и капацитетот ќе биде многу поголем. Мислам дека како тече сезоната и дефинитивно ќе се покаже дека екипата има потреба од уште еден деснак бек (резерва голман да не спомнувам), но генерално делуваме солидно. На одбраната ќе и треба време, особено Криштопанс и Калараш како дуо да се воиграат, иако денеска беа и повеќе од солидни и повеќе простор се оставаше измеѓу 4-ката и 5-ката, и 5-ката и 6-ката него помеѓу нив двајца. Околу Кисељев... рано е да се носат било какви заклучоци. Рачунајте дека има само 23 години, прв пат излегува да игра надвор од Русија и во животот никогаш не соработувал со тренери кои не доаѓале од таа источно-европска (руска) школа. Ќе му треба време да се навикне на системот, градот, средината и се што си со себе играњето надвор.

Capture.PNG
 
Последно уредено:
Раководството на клубот се уште бара наследник за српскиот чувар на мрежата, што не е нималку лесно ако се знае дека „вардарци“ поради финансиски проблеми не се во можност да донесат квалитетен голман во Скопје.

Тоа беше случајот и со Карим Хендави, египетскиот репрезентативец кој е член на Бешикташ и кој се наоѓал високо на листата со желби на „црвено-црните“. Според информациите на „Хендбол планет“, македонскиот шампион по раскинот на договорот со Милиќ се надевал на потпис со Хендави, но „вардарци“ набрзо биле „оладени“ откако Бешикташ им соопштил дека ќе бара 300.000 евра за да даде зелено светло за овој трансфер. Сумата била апсолутно неприфатлива за „црвено-црните“, кои ја продолжуваат потрагата по нов голман, но без преголем успех.
 
Случајно приметив дека новиот ростер е постиран на сајтот на РК Вардар. Со слики од фотосесијата од оваа сезона (од новите играчи). https://rkvardar.mk/ekipa

Петковски замената за Милосављев има само 17 години. А, видов дека и Марко Мишевски е ставен во "официјалниот" ростер, колку што знам тој е еден од надежите од школата на Вардар, има 19 години. Претпоставувам дека ќе го држат да тренира со сениориве и дека ќе го пуштаат малку во нашава лига и може нешто СЕХА на добиени натпревари. Овие играчи беа и на подготовките со екипата, мислам дека со уште еден, кој мислам дека беше голман.
 
Украинскиот мултимиљардер Ахметов го превзема Вардар следна сезона,според ракометни вести
Што мислите вистина е?
 
Украинскиот мултимиљардер Ахметов го превзема Вардар следна сезона,според ракометни вести
Што мислите вистина е?
Наводно влегува во ФК/РК Вардар. Во темата за ФК Вардар, веќе напишаа дека навистина бил во Скопје минатиов викенд.
Лично, не верувам во ова...
 
Наводно влегува во ФК/РК Вардар. Во темата за ФК Вардар, веќе напишаа дека навистина бил во Скопје минатиов викенд.
Лично, не верувам во ова...
upload_2018-9-3_16-14-33.png
 
Ако нешто ме залажува е тоа што со име и презиме е кажан, не е ко оние патка вести '' арап,шеик,бугарин, марсовец'' го превзема Вардар.
Не ми е верно и мене, али дај боже.
 
Низ децении многу вакви приказни имало. Може е вистина. Дај боже. Меѓутоа, човек мора да се праша, зошто некој би инвестирал во овие клубови?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom