Фан клуб - РК Вардар

Ако стварно се толку дупка Киелце и не е некоја нереална ситуација. Буџетот е намален, но со заминувањето на Штербик се ослободи простор за плати, па ќе има веројатно за Дујшебаев. А и ако си заминува, сигурно Вардар ќе му е една од првите опции. Десен бек и голман се главните недостатоци на тимов, ако овде добро се пополни пак ќе е на речиси исто ниво како и досега.
 
На 26ти Јули градот ќе одлучел дали ќе му помага на клубот Киелце. Па, ќе видиме тогаш.

Инаку ја мислев од Киелце некој од помладиве балканци и белоруси да се земе, ако може. Ако се има интерес. Зошто наводно Вардар бара пивот и голман, според најави. А и лево крило може.
 
Од хрватските медиуми излезе информација дека Раул Гонзалес го бара Циндриќ во ПСЖ и дека може да плати четири милиони евра за неговите услуги. Сепак, претседателот на Кјелце го демантираше ова.

„Хрватските медиуми пишуваат глупости, немаме понуда од ПСЖ. Ќе биде тешко да се продаваат играчи во следниов период, бидејќи кога имаме долгови, тие имаат право да си заминат бесплатно“, предупреди Сервас.

Дај да си го вратиме Циндриќ.
 
Низ полски медиуми се шират гласини за кам бек на Душебаев,еве и нашиве почнаа да пишуваат.:angel:
Иначе спортскиот директор на Киелце кажа јавно дека доколку не добијат помош буџетот ќе им биде 2,5 милиони.
 
Еве сега читам пред да потпише еден од младите белоруси за Киелце од Минск имал понуда од Вардар, ама не одбил. Го избрал Киелце зошто тренерот збори руски и тоа му било пресудно, да има добра комуникација.

Овој тип: https://en.wikipedia.org/wiki/Uladzislau_Kulesh

Може сега има шанса.
 
Не сонувајте, и да распродава Киелце, никој од ѕвездите нема да дојде во Скопје, ќе им напопаднат ПСЖ, Веспрем, французите и бундеслигашите. :D
 
Тешко ѕвезди, ама па они со исклучок на овие "нашиве" (Душебаев, Циндриќ) не ни имаат некои ѕвезди. Јурецки им потпиша со Флензбург, едно 3-4 играчи им се пензионираа. Тој пикерот белорусот бар да им го земеме, бекот или словенецот Блаж. Некои млади. Еве се покажува дека Вардар доста играчи го одбиваат, дури и млади перспективни. На пазар тешко се наоѓаат добри играчи да се потпишат, ова е барем некоја прилика кај што некои играчи може да останат без клуб, а подоготовки почнуваат за некоја недела. Па и тие би биле под притисок да најдат клуб брзо.

Претпоставувам во Вардар Штербик имал најголема плата. Сигурно и Кањелас немал мала. Така што иако Самсоненко рече дека буџетот ќе биде намален за 10-15% може има простор за некои млади играчи да се доведат.

Се разбира, доколку се има пари.
 
И да намалат буџет ќе скастрат некој од големите имиња кои лапаат повеќе шо е и нормално дури и онака од око можам да видам кој ќе го фати патот во првите младите и слабо платените ќе си останат таму да се одлучат 2-3 да продадат ќе пополнат буџет ова со циндрќ се глупости 4 милиона инаку нему му ја предвидувам кариерата на Бомбач во Килце може и полошо да заврши
 
У право си,до пред месец дена не знаевме клуб дали ќе бидеме сега пола Киелце ќе сме го носеле:pos::pos:.
Постот на ЕлНињо се кажа, и да има распродавање, ако изборот е Вардар и било кој бундеслигаш, се знае кој ќе биде епилогот.
 
Градот го одбил клубот.

Поранешниот европски првак Кјелце се соочува со сериозна финансиска криза откако градот Кјелце одби да му помогне на ракометниот колектив, отфрлајќи го барањето на претседателот Бертус Сервас за дополнителна финансиска помош од 4,5 милиони злоти (околу еден милион евра). Градските власти во претходните две години му помагаа на клубот со по два милиони злоти, но овојпат решија да не го задоволат барањето на Сервас.

„Претседателот Сервас во 2016 година за првпат аплицираше за помош, велејќи дека тоа е несекојдневна ситуација што нема да се повтори. Во 2017 се случи вторпат, опстанокот на клубот да зависи од два милиони злоти од градскиот буџет. Се согласив и покрај одредени примедби дека парите можат да се потрошат подобро за друга намена. Сега добивме апликација за 4,5 милиони злоти, сума што немаме шанси да ја исплатиме и за тоа веќе ги известивме челниците на ракометниот клуб“ – објавија од Градското собрание на Кјелце.

Бертус Сервас во интервју за полските медиуми се обиде да ја намали тензијата порачувајќи дека егзистенцијата на клубот не е доведена во прашање, но во меѓувреме се појави информација дека клубот должи над пет милиони злоти (околу 1,2 милиони евра). Неликвидноста може да се санира , но неопходно ќе биде да се намалат трошоците за во иднина, што само по себе би требало да се одрази и врз играчкиот квалитет во тимот.

Талант Душебајев има силен тим на располагање, но доколку се реализираат најавите за намалување на буџетот, тоа ќе значи речиси сигурно заминување на Алекс Душебајев, Агинагалде, Циндриќ и на уште неколку асови, што само по себе би значело распад-систем на клубот што во 2016 година се закити со титулата европски првак.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom