Што се правиш германец кога секаде на балканот е така. Сега ние треба мајки терези да глумиме?
Да ако оваа власт дозволи да си игра со Вардар преку реваншизам за мене ќе бидат непожелни копита.
Самсоненко се сликал со груевски, сељакот од Муртино се сликал на утакмица на Шкендија. Тогаш тоа беше профи и либерално а ова не е јер сме факинг германци.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Не знам дали е така или не, целта на постот ми беше дека никој не тргнал во офанзива против Вардар, туку против незаконските работи на претходната власт. Вардар е нешто како колатерална штета во случајов.
Кој му брани на Самсоненко да продолжи да инвестира во спортот?
Дали некој му наштетил на Вардар? Не би рекол, само ситуацијата е таква што Самс ќе нема веќе алтернативни извори од кои ќе ја врти парата и не му е од интерес да инверстира уште во спортот.
Вардар премногу изгуби од тоа што фаци од вемерето се сликаа во наши дресови.
Јанкуловска ни прави покољ со нејзината единица за брзо тепање на навивачите по можност македонските, на крај ја имаш како се слика со дрес на клубот. Грујо го немаше 10 години на стадион, на крај се изнаслика во дресови на Вардар. Се е тоа небитно, не можеш да им забраниш да навиваат за клубот. Ќе занемариме дека во клубот изнапикаа партиски структури со никакво знаење од работното место кое го добија.
Ама, учеството на ракометарите во рекламни спотови беше врвот.
Такво нешто само во Македонија може да помине.[DOUBLEPOST=1509838268][/DOUBLEPOST]
Се стварало омраза против Вардар зашто биле членови на "противничка" партија??? Па такви политички измеќари не заслужуваат да живеат, а не па да имаат право на збор за Вардар. Затоа што секое створење од таков вид што партијата му е пред клубот, нема право на глас. А ги има и тоа премногу, почни од навивачката група па заврши овде на форимов.
Ликувале против Вардар, хаха, пред тоа сигурно биле дај-хард фанови, какви глупости. Сите знаеме кои ликуваат за распас системот и зашто, а богами знаеме и кој ликува против Самс и зашто. А сигурно не е за доброто на клубот...
Одбивноста кон грујо ја манифестираат како одбивност кон Вардар, клуб чии успеси вмро си ги претстави како нивни.
Од тие што партијата ја ставаат пред клубот се распадна навивачката група.
Да биде иронијата поголема, истите тие што го растурија западот, сега ја водат трибината. Истите го глушат со дојде живот и кажуваат гачки за тоа дека некој намерно го уривал Вардар, ќе се форсирале Шкендија итн.
Трагичното е што се формира вештачка слика за клубот, дека со партија не форсирале, дека успесите ги препишуваме на вмро, а сега сдс сакало да не уништи.
Пак ќе повторам, Самсоненко не го бркај никој од клубот, самиот си оди. Не може да му се налутиш на некого затоа што си ја врши работата прописно (отворањето постапки за незаконски бизниси). Можеме да се лутиме што борбата со криминалот е селективна и наместо едни ќе дојдат на сцена други криминалци.