Фан клуб - РК Вардар

Треба да излезе Самс и да каже што планира у иднина, без блефирање и без просеравања. Јадно е вака да се дознава кој си иде, кој останува, од идиотските порталчиња, кои максимално ја користат оваа ситуација за некој клик повеќе.
Барем за толку заслужуваме, мислам.
А кој и да си оди, со среќа нека му е. Се може без секој. Го има Вардар како клуб, тој фактор-Х, па кога можевме со ракометари ко Малумбрес циркузантот на гол, Растворцев и деда Петриќ на бекови, а предводени од тренерското трио Зоки-Самс-Доне, да догураме скоро до Ф4...ќе можеме пак.
Само се надевам дека сево ова нема да влијае на тимот, и досегашнава одлична форма да се круниса со уште еден Ф4, па и одбрана на титулата, зошто да не.
 
Ако мислиш на смена на власта, нема врска ова. Си нареди Самсоненко на време. Проблемите датираат уште пред година дена, може и повеќе. Затоа индиректно 100 пати имам спомнато дека ракометариве треба со златни имиња да се испишат на плочникон на плоштад, бидејќи и по 304342 проблеми и глупости останаа професионални до крај. Е сега некад ќе пукне тиквата...

 
Последно уредено:
^^^
Реално, ако е стварно ваков договорот, добра одлука на општината.
 
Пешиќ е еден од потценетите балкански голмани. Можеби немал шанса во некој голем клуб да блесне, да привлече внимание, но пружа константно добри партии. Не би бил незадоволен од изборот.
 
Тениските игралишта на Самсоненко или на Ивица Конески? :) немам намера да дебатирам понатака другар, пишав веќе, кој се согласува во ред, кој не, пак во ред :)
 
Една работа треба да се земе во предид во моментиве кога сите напнуваат со тоа демек ете дојде живот.

Факт е дека Самсоненко беше врзан со претходната власт и во таков случај, надвор од спортот имаше еден куп привилегии.
Вложувањата во спортот ги направи како дел од тие договори, за да може со овие пари да раководат одредени структури, водени од Орце Камчев. Тука нема никаков сомнеж кој раководи со парите кои се даваат во спортот (со тоа што во ракомет улогата му е значително помала).
Вложувањата во Вардар им се бизнис и тука сите бевме задоволни. Нема теорија да се најде друга будала како Самс за да фрла свои пари во спортот, кои реално не ги враќаше назад ПРЕКУ СПОРТОТ, ама ги враќаше преку диловите во градежништвото.
Тоа биле некој тип на договори од кои реално никој не губи.
Ем добивме силни клубови во три спорта, ем се изгради сала каква што немаше теорија да се изгради, ем се изградија најразлични типови на игралишта, акдемии и слично.
Ем градоначалниците си лапаа по некоја добивка од тоа :D
Проблемот е што дел од работите веројатно се правени противзаконски или со предобри услови какви што даваше претходната власт.

Без тие додатни работи вон спортот, Самс нема НИКАКОВ ЌАР ДА го спонзорира Вардар.
Тоа е факт.

Директен атак кон Вардар нема, никој не го брка Русинот за работата во Вардар.
Сам знаел дека ќе дојде вакво време, а он решил да не игра со новата влада како што би требало да направи бизнисмен од негов тип за малце да ги амортизира работите, туку веројатно ќе се направи дил во кој нема да биде кривично гонет (веројатно имаат некои докази за такво нешто), а за возврат ќе си спакува куфери.
Новата власт има потреба да ги разреши некои вакви работи кои ги правеше новата власт. Проблемот е што ги разрешува за после да стави свои луѓе кои ќе ги лапаат градежните тендери, а не дека ги боли кур за законите :D

Вардар во целава ситуација највеќе ќе изгуби, ама немој да речете дека не сте биле свесни за нешто вакво. Не може екипата да ти оди во политички рекламни спотови и да очекуваш дека после тоа нема да има реваншизам.

Останува да се надеваме на две опции. Дека новата влада ќе си најде слично милениче кое исто така ќе вложува пари во спортот, а ќе добива вон него. Македонскиве бизнисмени добиваат вон спортот, ама не вложуваат во него, а за волја на вистината и немаат толку пари. Да вложуваш во Македонски спорт е пропала пара.
Втора опција е дека Самс ќе се фати на орото на новата власт, што е малку веројатно и ќе остане да вложува. Добро би било барем да се остварат до крај замислите во младинските категории, па после да се потрпреме на такви играчи во иднина.
Сепак, многу поверојатно е дека ќе имаме целосен крах во ракометот, така што ЖРК ќе престане да постои, РК ќе тоне континуирано дури не се најде некој со кој ќе личиме на клуб ала Пелистер во моментов (ни Михајло не се враќа веројатно), додека за во ФК секогаш ќе се најде некој што ќе вложува, колку да се одржуваме во лигата.
Чудно е што ќе стане со тие спортски комплекси што се градеа, дали ќе останат на Вардар или ќе отидат во неповрат.

п.с. Смирете доживљај во однос на навредување, ќе летат банови :D
 
Добро е да се види дека некои се вознемируваат на секое спомнување за доаѓањето на Животот, посебно во Вардар.
 
Добро е да се види дека некои се вознемируваат на секое спомнување за доаѓањето на Животот, посебно во Вардар.
Ај бе не замарај веќе со таа ебана политика, ебате вморонот. Демек не гледавме како Самс и Дибиров глумат во спотот наречен Вмро.
 
Што да се спомне, имаше он интервју и кога објаснуваше како неможе да биде во Вардар со оваа управа и газда поради што не дозволувал да му се мешаат во работата. Е сега се гледа можност па се нуди, за мене секако да он би бил најдобар избор после Раул.
23132075_2233521326673359_1529886002759770419_n.jpg
 
Добро е да се види дека некои се вознемируваат на секое спомнување за доаѓањето на Животот, посебно во Вардар.
Се вознемирувам, затоа што едното со другото нема никаква допирна точка.
Со сила се форсира Вардар како ВМРОвски клуб, како само вмровци да имаат право да навиваат за Вардар.
Тоа носи огромен контраефект, прво затоа што не е таков случајот и на трибина има луѓе од секоја политичка опција, а второ се создава омраза кај оние што се контра вмро. Од вакви муабети, пола држава го идентификува Вардар со партијата и не се чудите што повеќе Скопјани ликуваат на тоа што се распаѓаме, отколку кога освоивме титула.
 
Се вознемирувам, затоа што едното со другото нема никаква допирна точка.
Со сила се форсира Вардар како ВМРОвски клуб, како само вмровци да имаат право да навиваат за Вардар.
Тоа носи огромен контраефект, прво затоа што не е таков случајот и на трибина има луѓе од секоја политичка опција, а второ се создава омраза кај оние што се контра вмро. Од вакви муабети, пола држава го идентификува Вардар со партијата и не се чудите што повеќе Скопјани ликуваат на тоа што се распаѓаме, отколку кога освоивме титула.
Вардар е најголем македонски спортски бренд, но изминативе сезони беше директно под раката на ВМРО, оската Грујо-Самс, затоа и многу луѓе што се контра вмро,како што кажа и самиот, им се создава омраза кон клубот.
 
Се вознемирувам, затоа што едното со другото нема никаква допирна точка.
Со сила се форсира Вардар како ВМРОвски клуб, како само вмровци да имаат право да навиваат за Вардар.
Тоа носи огромен контраефект, прво затоа што не е таков случајот и на трибина има луѓе од секоја политичка опција, а второ се создава омраза кај оние што се контра вмро. Од вакви муабети, пола држава го идентификува Вардар со партијата и не се чудите што повеќе Скопјани ликуваат на тоа што се распаѓаме, отколку кога освоивме титула.
Се тоа ОК, само што нападите дека Вардар е вмровски клуб доаѓаа токму од спротивната страна, односно од луѓе блиски на Сдсм и најполитички обоената навивачка група во Македонија - ЦПБ (какви Шверцери, какви бакрачи. Шверцери си ги подржуваа ДУИ затоа што се најнационалистичка партија меѓу нивните, сега полека и они почнуваат да се шараат со појавата на новиве партии кај нив кои добро стојат со национализам). Иако мене никогаш не ми пречело учеството на партиски фирми во нивните успеси (Фершпед и Годел) и не сум го поврзувал тоа со навивањето за Работнички како клуб. Од таму почнаа да идат тие плукања, како можеш да навиваш за нив они се вмровски клуб, а не од вмровци кои збореле клубов е наш и само ние имаме право да навиваме за Вардар, како што успеав да разберам од твојов пост. И што е најтрагично - да, ќе ликуваат кога Самс ќе си оди и ќе почнеме да пропаѓаме, доказ ти се и нашите фан клубови на форумов и како нивните подржувачи тука се појавуваа само кога се збореше за одење на Самс, а ги нема да пишат нешто кога играме утакмици.
 
Се стварало омраза против Вардар зашто биле членови на "противничка" партија??? Па такви политички измеќари не заслужуваат да живеат, а не па да имаат право на збор за Вардар. Затоа што секое створење од таков вид што партијата му е пред клубот, нема право на глас. А ги има и тоа премногу, почни од навивачката група па заврши овде на форимов.
Ликувале против Вардар, хаха, пред тоа сигурно биле дај-хард фанови, какви глупости. Сите знаеме кои ликуваат за распас системот и зашто, а богами знаеме и кој ликува против Самс и зашто. А сигурно не е за доброто на клубот...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom