ДУШЕБАЕВ!!!
Ова е гол кој ќе го реши двомечот, mark my words!
Што повеќе да се каже, освен дека треба да бидеме ПРЕСРЕЌНИ со овој резултат со прикажаната игра. За она што го одигравме ова е ПРЕМИЈА, со големи букви премија.
Душебаев 10 гола



Единственото нешто што не успеавме да го искорениме е тоа што доколку противникот ни избега на 4-5 разлика буквално се распаѓаме. Ништо не играме, така беше и со Металург лани на два пати, со ПСЖ и Барса на гости...
Се разбрани ова копитоно Коралес, три пенали утнавме, нема шанси волку слаба утакмица да се повтори, се надевам дека ќе ги направиме попара во Скопје.
Тотално промашени 40 минути игра, од 20-та минута до крај.
Згрешивме со играта во одбрана, или пак предобро не анализирале и како сакаа не дупеа. Како само ни правеа вишоци, буквално од сите можни страни. Сакаш на пикер, сакаш на лево крило, сакаш на десно крило...
Многу деорганизирано игравме. Излага еден во 5-1 одбрана, позади им прават смена во чуварите, им излагаат на вишок непрекинато. Се враќаме 6-0, ни одат во напад еден на еден, кичми ни кршат и ни шибаат голови. Не смееме да дозволиме мртовци ко оној стапон 3 метра што е висок, да ни прават влезови или од чисти позиции да не бушат.
Немавме игра на пикер, целосно не утепаа на ова поле. Затоа и немавме ни проток на топки до крила, а и тоа што имавме го промашивме.
Пак ќе кажам, волку лошо нема шанси да изиграме по втор пат и искрено верувам дека ќе паднат овие во Скопје.
Не ми личат на екипа што може да се носи со притисок, затоа во Скопје мора да се притиска од почеток до крај, не се ништо 6 гола разлика.
Не вратија во реалноста уште во првата фаза, тоа е единствената поука после мечов.
Има многу работа за Раул, првата битка ја доби неговиот колега, втората не смееме да ја загубиме...