Фан клуб - РК Вардар


prase-02.jpg


Нека ми прости ако се навредил.
 
Кога веќе ја спомнавте таа тематика, сметам дека оваа година покрај тоа што претераа со цените за жените и мажите за натпреварите во ЛШ, цените за жените веќе не си вредни за дискусија, сепак мислам дека барем за натпреварите од СЕХА лигата мораа да бидат некоја симболична цена, како минатата година мислам беа 60 денари.
Лани мислам имаа поголема посетеност во СЕХА, но оваа година зафркнаа работа, можеа плус да поделат карти по основните училишта, на деца од ракометните школи, но и тие со сезонски карти да добиеа бесплатен влез или некој попуст, или попуст за деца до одредена возрасна граница, бидејќи реално на натпреварите од СЕХА со послаби екипи салана e празна уште кога ќе се додаде она најавувањето со ефектине испаѓа смешно и мизерно истото да се прави пред празна сала.
Ако сакаат да заработат и од натпреварите од СЕХА можат да се најдат начини, нека биде ефтина картата, понуди пијалок, храна, понуди попусти на клубски сувенири за време на натпреварите од СЕХА лигата, малку треба да се направи какошто е секаде нормално во светот ако сакаш ќе заработиш плус, но и да привлечеш повеќе публика, едноставно мора да се обидат да направат навика на народов да не оди само на ЛШ туку и СЕХА и домашните натпревари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom