Ќе го попушете вечер хахахахахаИгор Карачиќ - “Победата е апсолутен императив, пораз не прифаќаме. Многу е важно да тргнеме со трофеј во новата сезона. Го почитувам и ценам Металург, но ние сме на неутрален терен и сме двојно подобри и мислам дека тоа вечерва ќе го докажеме.
Запрашан колку е реално да се добие Металург за краток период, со оглед на тоа што наскоро ќе се сретнат двете екипи во рамките од второто коло во СЕХА Газпром Јужен тек лигата, Карачиќ одговори:
“Тоа нема никаква врска. Доволно сме поквалитетни да ги добиеме било кога“, самоуверен е средниот бек на РК Вардар.