Фан клуб - РК Вардар

Тешка ќе биде сезонава ептен... итоа за сите подеднакво. Џабе едните се стари фаци кога им се сменија пола соиграчи и комплетното раководство. Се надевам на крај се ќе испадне како што треба простор за експерименти нема а и среќата на комшиите ја немаме
 
П.С. незнам како, нека се пренесе на некој модератор или кој може да менува име на тема и такви чуда, нека го смени имево на темава од Фан клуб - Р. К. Вардар Про во само Фан клуб - Р. К. Вардар бидејќи се пререгистрираа во акционерско друштво пред некоја недела и наставката Про е исфрлена од името на тимот.

Средено.
 
Веселин Вујовиќ заминува во Дубаи

„Интересот од Ал Шабаб трае подолго време, но да бидам искрен јас не сакав да заминам толку далеку. Плановите ми беа поврзани со останувањето во Црна Гора, чекав да разговарам со челниците на Ловќен, но откако увидов дека не можеме да се договориме и официјално го известив Ал Шабаб дека ќе се преселам во Дубаи. Искрено жалам што не се договорив со Ловќен, но ситуацијата во целокупниот машки ракомет во Црна гора е далеку од посакуваната. Јас не можам да наметнувам авторитет над играчи што по неколку месеци не земаат плата. Ова не значи збогум, едноставно ќе почекам подобри времиња за враќање во црногорскиот ракомет“
 
Кукоски на позајмица во Зомимак. Чановски ќе одел на подготовки за да покажел дека може да игра за тимот, а ако не задоволи тогаш и он оди во Зомимак.
 
Последното засилување на Вардар, Алекс Душебаев, прогласен е за најдобар десен бек на Светското првенство во ракомет за јуниори што денеска заврши во Босна и Херцеговина.
Шпанецот со киргистанско потекло беше и убедливо најдобар асистент на шампионатот со вкупно 34 додавања на девет натпревари. Со својата репрезентација тој го освои сребрениот медал по поразот во финалето од Шведска од 28:23.
Покрај Душебаев, идеалниот тим на СП го сочинуваат и голманот Петер Јоханесон од Шведска, неговиот сонародник на лево крило Андреас Берг, потоа левиот бек Квентин Минел од Франција, средниот бек Пабло Гонзалес од Шпанија, десното крило Анте Токиќ од Хрватска и пикерот Порас Перез од Шпанија.
За МВП на првенството е избран левиот бек Филип Стелмалм од Шведска, а Абдулах Алгарабали од Кувајт е најдобар стрелец со 65 гола.

http://derbi.mk/index.php/rakomet/s...vardarecot-dusebaev-vo-timot-na-sp-za-juniori
 
Некако едвај ја чекам утакмицата против Барселона. Мислам дека тоа ќе биде најдоброто навивање и атмосфера некогаш, во затворен простор.
 
Некако едвај ја чекам утакмицата против Барселона. Мислам дека тоа ќе биде најдоброто навивање и атмосфера некогаш, во затворен простор.

Групата во моментов буквално не постои...
Иако тоа конкретно важи и за фудбал, нормално дека тоа ќе се одрази и на ракометот, така да не очекувај многу :(
 
Групата во моментов буквално не постои...
Иако тоа конкретно важи и за фудбал, нормално дека тоа ќе се одрази и на ракометот, така да не очекувај многу :(



Абе помислив на тоа, ама нели па Комитите го бојкотираат само фудбалскиот клуб? Ракометниот е друга приказна и заслужува Вардар после толку време во ЛШ да има таква атмосфера, против противници како Барселона и ПСЖ.
Ако не, тогаш стварно би било штета.
 
Абе помислив на тоа, ама нели па Комитите го бојкотираат само фудбалскиот клуб? Ракометниот е друга приказна и заслужува Вардар после толку време во ЛШ да има таква атмосфера, против противници како Барселона и ПСЖ.
Ако не, тогаш стварно би било штета.

Точно е тоа, но оние ради кои не одиме на фудбал ќе си дојдат на ракомет, а без присуството на "нивните" специјалци, сигурно ќе бидат нападнати, а после инциденти пола не идат на утакмици :)
Не е убава ситуацијата во групата, едноставно не е тоа тоа...
 
Жарко Марковиќ го раскинал договорот, сега е слободен играч. Добро би ни дошол во тимот

Факт е дека добро би дошол, ама што ќе правиме со четири десни бекови? :)
 
Факт е дека добро би дошол, ама што ќе правиме со четири десни бекови? :)


Петриќ аут :) ама не верувам дека ќе се менува тимот понатаму, на лев бек не сме баш многу покриени, немаме некое играчиште како на другиве позиции :) само уште голман и комплетни сме за во ЛШ :vozbud: леле со какво нетрпение ја чекам новата сезона :vozbud: :D
 
Факт е дека добро би дошол, ама што ќе правиме со четири десни бекови? :)
Ќе префрлиме некој на лев :icon_mrgr: Терзиќ ми е непознат, Петриќ е веќе стар, така да Алекс и Жарко би биле одличен тандем.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom