Фан клуб - РК Вардар

Вака на прва не изгледаме лошо.Одбраната е солидна.Од утакмицава против Охрид го издвојувам Ќосевски.Добра реализација и добра селекција на шут.Според мене немаше потреба тој португалецот да се зима што сега е повреден ,наместо него тие пари да се дадеа за еден поквалитетен среден бек.Георгиевски и детево ќе ја изгураа сезоната.Понекогаш е добро да превземеме таков ризик за во иднина и ние да имаме бенефит а и репрезентацијата.Ме плаши ситуацијата на среден.Како ќе играат на европскиве утакмици Танкоски и Крсманчиќ.После Јасихура се е некако споро,млитаво и тромаво на среден. Нема застанување НАПРЕД ВАРДАР!
 
Од утакмицава против Охрид го издвојувам Ќосевски.Добра реализација и добра селекција на шут.Според мене немаше потреба тој португалецот да се зима што сега е повреден ,наместо него тие пари да се дадеа за еден поквалитетен среден бек.Георгиевски и детево ќе ја изгураа сезоната.Понекогаш е добро да превземеме таков ризик за во иднина и ние да имаме бенефит а и репрезентацијата.
Нешто што никогаш не сме го направиле и не го правиме. Во годините кога имавме амбиции и буџет да играме Ф4 јасно ми е зошто не го правевме, но последниве неколку кога сме многу далеку од тоа ниво, навистина не сфаќам зошто.

Јас тек сега го изгледав мечот. На Крсманчиќ мислам дека ова му беше најдобар меч во подготвителниот период, покажа знаци на живот. Се надевам дека ќе ја крева формата и дека полека ќе се уклопува во тимот. Не дека очекувам чуда, но му гледав некои статистики од унгарското првенство од минатата сезона и бројките му се навистина добри. Дури подобри од некои далеку попознати играчи кои се носители во Веспрем и во Сегед. Нормално, статистиката не ја кажува целата приказна, но е солиден показател.

Петриќ и Николиќ доста слабо играат во подготвителниов период и добро е што им се донесе конкуренција во името на Горига. Мислам дека не се ни на 50% од тоа што го можат и што го имаме видено од нив во прошлата сезона.

Одбраната и вчера и во Струга изгледаше добро, тој е најсилниот сегмент на Бутинот како тренер. Ако не се лажам и минатата сезона ја завршивме како тим со најдобра одбрана во првенството, па очекувам тој тренд да продолжи.

@ohrid66 Има ли некакви планови за реновирање на Билјанини Извори? Да се искречи, да се светне, просторот позади головите да се нашминка, да се наместат светлечки реклами би било супер. Знам дека фрлија некој денар во реновирање на соблекувалните што е океј, но што е со подтрибинскиот простор и санитарните јазли?
 
Бутинот е класичен лудак:)! Од почеток до крај на натпревар им урла на ракометариве као да нема утре Водиме 15 разлика он очи ќе им извади:) Идеме у нагорна линија тоа е евидентно, широкиот ростер оваа година ќе биде голем плус за нас. Мислам дека нема да имаме проблеми со '' помалите"клубови, така да титулата би се решавала во директните дуели со Пелистер. Вчера Крсманчиќ го достигна нивото на Карапале, а Маргели на моменти е добар (коа ќе му се изработи акција за шут), а на моменти е невидена рупетина. Голема пофалба за холандезот пикер, машина е, не промашува. Голманот ми е топ, поконстантен е од Томо, иако мора да се признае одбранава многу појако ни делува годинава. Ќе биде интересна сезона. Алкалоид игра доста модерно и брзо за наши стандарди, растат од година во година.
 
@ohrid66 Има ли некакви планови за реновирање на Билјанини Извори? Да се искречи, да се светне, просторот позади головите да се нашминка, да се наместат светлечки реклами би било супер. Знам дека фрлија некој денар во реновирање на соблекувалните што е океј, но што е со подтрибинскиот простор и санитарните јазли?
све си во право
Општината е заинтересирана за ракометот, и плус најдоа спонзорчиња....летово направија нешто супер ги поканија многу бизнисмени на коктел и им објаснија некои работи и нормално цени за реклами и спонзорирања од 4 иљадарки до 100....(тој шо ке фрлит после полесно до .....)кој колку даде абер немам.Сега не можат да најдват рачки, власта ја имааат насекаде.Дали чекаат пари од министерот за Спорт за салата незнам.

и наместо да го средит клубот тој удри на ДУПЕЊЕ на општинарки,мед сестри,воспитачки итдаље.....

Јас да сум во клубот ја рушам и ке напраам нова за 8/10 иљади и за други работи и со тоа веке со скопје можит да се организират ЕП,,,,,доста е со шминкања и крпарења.
За клубот се виде вчера со Вардар......Метла за сите странци и Олјески....ке донесам 6 супер играчи добро платени и 12 македонски.За 20 мин имаа 4 гола даено, па со Барцелона не играа.
 
Горига е страшен, играчиште! Португалецов е солиден голман, му тргна последниве 10 минути. На среден сме преслаби, Танкосен некако не ми е во форма, а Крсманчиќ за пеналџија изгледа ќе го биде :D
 
Од ова што го гледаме на подготовките до сега:
Маргели >>> Бакар.
Крсманчиќ, колку и да е просек за Европа, е доктор за Карапале.
Еспиња е исто многу добро засилување според мене. Но дефинитивно, Горига и Коиј се играчите што носат разлика во екипата.

На полусезона ќе мора да се донесе среден што ќе биде носител на играта.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom