Фан клуб - РК Вардар

Лелееее, сеа Малумбрес со срцето, па со амблемот. Многу ми е жал што зборев така.:place::place::place::place::place::place::place::place:
Абе, Малумбрес може и спие со дресот на Вардар :D ама ако идеш во поход кон највисоки цели треба квалитет. Нека седи, за атмосфера :D
 
Кога се симнавме во трговскиот во Нови Сад, гледаме еден тип со фриз како Малумбрес и жена му со него. Јас се раздрав ене го Малумбрес, изгледа не го планираат за фајнл форот :pos: Се залетавме накај него, кога гледаме некој рандом тип :icon_mrgr:

Иначе Дибиров одбран за МВП, од Вардар само Карачиќ и Дибиров во најдобрата седморка.
Криштофанс најдобар десен бек :icon_mrgr:
 
Како тргнала работава собата за трофеи ќе треба да ја прошируваме.:D Посебно овој колкав пехар е, Дибиров може да се бања у него хаха

Три сезони две титули, не е заебанција. И тоа едната ја лапнавме во Загреб другата во Нови Сад :cool:

Сериозен клуб е Вардар и бренд во регионот и Европа, не само по зборење и фалење туку и со меѓународни титули.

Нека се множат и до крај на сезона титулата од домашното првенство да и прави друштво на оваа.
 
Столе ќе се изеде од гнев што не е таму :D
 
Не знам кој пушта музика во салава ама ова е се отидено. :pos:Фали уште Самсоненко да се симне и на какаљин да игра.

Чипурин со таа фаца во секое време може да ги убие змејовите на Калиси. Појава е нека си ебе векот.
 
Инаку познати се Нови Сад со песните, ги пуштаа и на ЕП/СП во ракомет :)
 
Еден е МИХО :icon_mrgr:
Да не беше Михајло ништо од ова немаше да биде. Штета што и Вујо не е таму, пошто и тој секогаш ќе биде дел од нашиот тим.
СЕХА лигава неклако има посебно значење за нас :icon_mrgr:
После неколку години на суша во поглед на трофеи и се поголемото издигнување, кко финансиско така и резултатско на конкурентите од Автокоманда, тогаш првата освоена титула против нив во Загреб ни беше првото славје и првиот знак за повторно издигнување на нашиот тим.
http://forum.kajgana.com/threads/Фан-клуб-РК-Вардар.17856/page-229#post-4918167 :icon_mrgr:
Се направи огромна хемија меѓу тимот и навивачите, а штета што и лани фајнл форот во Скопје не го закитивме со уште еден трофеј, откако во полуфиналето во Борис Трајковски се рушеше салата по победата над Металург проследена во незаборавна атмосфера.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom