Нема полош ден, да си болен, да го слушаш Видевски, да ги гледаш како без душа играат и на крај заслужено изгубија. Секогаш ќе прифатам пораз, но кога знам дека се бореле или едноставно немале среќа. Вакви порази најмногу ме нервираат.
Искрено не очекував вакво издание денеска, мислев дека ќе се освестат после лошо издание во Париз и дека ќе ги демолираат Војводина.
12 технички грешки само до 21 минута од 1 полувреме е срамота, повторно истата слика на неуспешни додавања и контри, шутеви од неизградени позции. Дибиров со најмногу гола заврши , но многу пак топки изгуби, пеналите негови се посебен муабет. Но. ајде тој и Прибак некако ми се издвојуваа денеска. Првиот тајмаут Раул преку толкувачот негов им вика: Ајде момци ова не е игра за тим од топ 16, ајде машки малку да играме, преку пикерите спуштена доле ...... тоа беше советот. Повторно Раул изненади со лошата тактитка, Марковиќ на неприродна позиција, форсирање на клучни играчи долг период од играта, се плашам и овој да не прегори предвреме.
Не навлегувам во некакви игри што одма почнаа да се шират, ништо не може да им го покрие лошото издание денеска.
Комити супер си беа и убаво изгледа кога има ред, а не раштркани на цела трибина.