Фан клуб - РК Вардар

Нема врска разликата, ама има победата и поразот на Алкалоид... Сега ќе се лизнат и на друго место, а ние ќе бидеме двојно појаки во вториот дел од сезоната.
На кое друго место? :D
Уште во Битола гостуваат. Ако Пелистер ги тепа двете дома (со нас и Алкалоид) ќе решава гол разлика од меѓусебните дуели, а Алкалоид стои најдобро.
Не дека е голема предност, ама ќе внесат 1 бод повеќе од нас и Пелистер во наредна фаза.
 
Многу подобро ќе беше да тепавме 3, ќе бевме подобри во меѓусебен поради повеќе дадени во гости, али што е тука е, со плус 2ца играа 60 минути, ваква судиска лакрдија само кај нас и во Африка може да има… Ќе ги видиме од февруар коа ќе си отиде Живко од функција што ќе праат без ветер у леџа секое дерби…
 
Победа си е победа ,а тоа дали ќе пренесеме еден бод повеќе не е толку важно.Лани и ние и новокомпонираниот (ми замерија за вештачки и некој предложи нов или новокомпониран ) пренесовме по бод повеќе па завршивме втори а другиот трет,.Победата е дотолку послатка поради препотентноста на селекторот.Предноста е достижна.
 
Ме изненадија вардарци од прва до последна минута во исто темпо,не верував дека ке издржат повеке од 40 мин, плус ги имаа судиите против себе...чудно е и денес и муцињата против охрид ниту една грешка немат направено против Алкалоид....ке бидит неизвесна сезона
 
Од кога зборот дерби го изгуби значењето? Не значи ако некоја екипа има пик во своето постоење и игра против Вардар, натпреварот треба да се вика дерби.
 
Оној Крки нормален ли е? Иде акција, он не гледа што се случува. Се пцуе со трибина.
У Кале којзнае дал така ќе си поминеше. :)
Штета шо немаше комити на таков тензичен натпревар на моменти..
 

За хибридниот великан Еурофарм кога вака ќе доаѓаат од други континенти да го гледаат како Вардар што доаѓаат да го следат.
 
Не ги рчкајте, они се во својство на мексиканецов. Едвај дочекаа Вардар да им гостува во Битола после првата европска титула за да може да се сликаат со нашите играчи :icon_lol:
 

За хибридниот великан Еурофарм кога вака ќе доаѓаат од други континенти да го гледаат како Вардар што доаѓаат да го следат.
Toj arno dojde tuku vie kolku bevte vcera na tribina? Ili ne bevte?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom