Ќе мора некако да се докопаме до играчи, нема никаква длабочина составов во моментов.
За среден бек МОРА да се најде некакво решение, не може да чекаме Гаџа да се врати од повредата до декември, а до тогаш да играме само со Карапалевски.
Одбрана! Кој ќе игра централно? 3ка и 4ка? Еве да речеме дека Талески ќе остане и може да покрие една од позициите, другата? Лазаревски и Атанасовски? Теорија нема! Атанасовски е многу неискусен, а и физичките карактеристики не му дозволуваат да има добар придонес таму. Мислам дека ниту Лазаревски нема капацитет да игра на тие позиции, последниве неколку години играше како „халф“, најчесто на 5-ка. Мишевски има солиден дефанзивен потенцијал, но и он константно игра како „халф“. Суперлигата не е воопшто наивна и мора да најдеме некој поискусен „фајтер“.
Лево крило? Се надевам нема само со Чувара да останеме.
Струга, Прилеп, Вардар Неготино и Куманово не се тимови од кои треба да се стравува, меѓутоа Охрид, Бутел и Алкалоид се солидни и ќе бидат сто пати повеќе напалени кога ќе играат против нас и ќе сакаат да ја искористат ситуацијата во која се најдовме.