Страшна грешка со Тоскич,еден од најдобрите пикери во последните 15 години шо излегол од Балканот,а какви пикер(ишта)излегуваа(т) од овде....
Тешко дека ќе најдат замена за него,страшен борец,играч во два правци,едноставно комплетен пакет,такви пикери на прсти можиш да ги броиш,сигурно во ТОП 5 пикери е во моментот,и не само оваа сезона,и минатите сезони растураше и беше еден од најдобрите,секогаш незабележителен а брка страшна работа......
Грото врвни пикери денес играат само напад,и тука се лимитирани...
Единствено Сораиндо од Барса е нешто слично како него,игра во два правци,ја носи заедно со Виран цела одбрана...
Исто и Сулиќ да не го заборавам...
Вори едно време беше на ниво,ама во последно време го снема,се изгуби....
Мирхол играше во РНЛ грото од времето во напад,сега во Скјерн игра и одбрана...ама Скјерн и сериозна екипа,далеку се овие муабети...

Не знам дали го фати носталгија за фамилијата или не нашле заеднички јазик околу парите?
Ако е втората опција доста ќе зажалат вашите,ваков пикер еднаш на 10 години се најдува...

Посебно му се крева цената шо дечкото е стара школа,а не како денешните пикери од калибарот на Марсениќ,Жаре Пешевски и компанија..
Овие старите се учени на се и сешто,и нема да застанат пред ништо,затоа се толку ценети во ракометот старите играчи,ако е здрав и не е склон на повреди еден играч игра до 40 им кусур во врвни екипи,шо не е случај во другите спортови...
Ако не донесат некој екстра класа пикер многу ќе изгубите...а прашање е кој можат да го донесат,речиси сите имаат цврсти договори...