Не се однесуваше мојот коментар само на Хориха, туку и на сите што сезонава ќе го направат истиот потег.Мислам дека до сезонава Вардар беше плус малце и финансиски нестабилен, се натегаа за спонзорства дур не ги донесоа австријциве, верувам и тоа многу влијае во одлуката кога бираш меѓу Пик Сегед и Вардар. Ама ова е само мое мислење, што пример мене би ми значело да сум на негово место.
И за него нема оправдување, особено што знам какви услови му нудеа. А и тактизираше долго време, не остави многу простор за да се бараат подобри играчи уште од ланска зима.
Преценети се играчите. Како што спомнаа погоре, голем проблем е што македонските играчи во лигата земаат големи плати, а пола од нив не знаат да ја тапнат топката, што ствара револт кај странците. Плус го имаме Охрид кој ептен фрла пари за секаков тип цепеници и уште толку ги креваат цените.
Друго прашање кое е реално да си го поставиме. Ќе продолжат ли со спонзорства фирмите на Вучичу после неговиот пад?
