https://macedoniahandball.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/MultiEsens-EurofarmPelister.pdf
https://www.gol.mk/rakomet/kizikj-blesna-na-golot-eurofarm-pelister-do-vrv-go-napolni-multi-esens
Го вратиле Вилсон Дав
АЈС 
Иако без учинок вчера на мечот со Мултиесенс.
Кога веќе го плаќаат, нека си го заработи лебот.
Не му дадоа лани некоја шанса да се докажи, оваа сезона ниту беше на список, а беше на приприми, не знам зошто.
Барем за одбрана чоеко е доктор на науки за Тајник, Танкосен, Петровиќ и слично.
Кога веќе неаме ќар од Сери, овај можи да се покажи како специјалец за одбрана.
Со Загреб од страната на Петровиќ едноставно не избушија како Ѓупка пред Император.
Дечкото нема ни О од одбрана.
Кога веќе на Тајник му дадоа слобода шо сака да прај во напад, без некој ефект, треба да се искористи од платниот список се шо имаме за на пролет.
Ништо не губиме,, ако се проба со Дејвис.
Според мене мора кратење на ростерот околу странските играчи, премногу е гломазен и неконкретен.
Стевановиќ, Нилсен, Сери, Ѓорѓовски, па и Петровиќ се е ова вишок засега, без некој конкретен учинок.
Долга е сезоната, треба измени да се напрат, во делот на странските играчи
Ај сега е полесно, играат со далеку послаби противници и нема некој замор.
Ама, во плеј оф ќе ни треба квалитет ако сакаме да го анулираме тој бод минус.
Десен бек пред се шутер неаме ни за лек.
Потајно се надевавме сите дека со Цехте и Петровиќ ќе се покрие нешто, излезе на крај лажна надеж, најслаба позиција ни е, и во напад и во одбрана кога бранат десните бекој.
Петровиќ ако добие наш пасош ок, да не држи место за странец, вака неаме ќар од него на тешки утакмици.
Во одбрана детето е тежок криминал, колку и да се труди.
Поубо ќе беше да го остат во двојката, и Ѓорѓовски, на толку пари фрлени нема плеј оф да фатат, ко шо стојат работите, во група со Аеродром, Скопје и Струга.
За десен бек, треба/ше некој шутер од далеку, макар и не играл воопшто одбрана.
Вака ништо не прајме, со Цехте шо нема удар од далеку, Павле не го ни гледа голот надвор од 8 метри.
Се гуши играта и делуваме безопасно.
Иди за брзо паузата, се надевам и вервам дека имат некој план за на пролет.
Јас да сум на местото на управата, ослободвам простор во буџето, со 3,4 странци спогодбен раскин.
Одам во Вецлар и кеширам за Фитило, колку и да треба ќе дам.
Греота е она дете да дреми на клупа во Вецлар, да му биди замена на Рубин.
На сите утакмици минутажа минималец.
Точно е дека не е улав да се врати од Германија во Битола.
Макар и за иста или поголема плата од таму.
Но, сепак во било кој тим да игра во Бундеслига не би ја добил таа улога како тука.
Исто така треба да се мисли и за голман, за в година.
Никучо се искина од бранење во Порто, таман му е него тајмингот да се врати дома.
Уште не ми е јасно како успеаа да го испуштат од раце Галевски.
Она дете ќе биди ѕвер, вчера ги отепа Охрид, 17 одбрани.