Интересни утакмици изиграа противниците во групата.
Кил го изгуби во четвртокот ДЕРБИТО НА ГЕРМАНИЈА, со примен гол во последна секунда.
Водеа 27-24 на 5 минути до крај.
Тој меч не е толку важен за нас, друга галаксија е то дерби.
То шо е важно, од кај шо можиме да "украдиме нешто"е она шо се случи вчера.
Со Мелсунген, на Гарсија Парондо.
Глата му ја дупна Мелсунген вчера на Кил, среде Кил.
Во второ полувреме ги отепаја.
Не сме ние на ниво на Мелсунген, ама и тие имат некој сличен балкански шмек.
Со Хрватите Мартиновиќ ( десен бек, се збораше летото дека ќе иди кај нас), Домагој Павловиќ на среден, Давид Мандиќ, Небојша Симиќ, Сипош како главен дефанзивец.
Кил е Кил, нема тука збор, гигант.,
Ама имат проблеми,
Муабетот е дека ако играш машки 60 минути, без да се предаваш на прво одлепвање на противникот можиш да напрајш големи проблеми за фаворитите.
На 27.09. во Битола играме со Кил, ваљда ќе пресликат нешто.
Пик Сегед имаше тешко гостување во Будимпешта, кај Ференцварош.
Овие се нешто слично ко нас, можи и послаби во моментот.
До крај му дадоа машка борба.
Гледам Колстад се лизнале уште прво коло во лигата.
Очекувам доста вакви бомби на оваа екипа сезонава.
Мора да се вади зијанот од негде.


Преценета екипа се според мене.
Ќе видиме во среда дали можиме да го искористиме домашниот терен.
Ако отвориме добро се е можно.
Нормално, ако ротират ко шо треба од купа.
Ако излезиме со 3 бека да нуркаме ко со 61ва ништо не прајме, па после да прајме експерименти ко ќе загусти со Танкосен на бек шутер, тогаш тешко ќе оди.
Ако селектират 16 играчи, треба од сите да изват максимум.
Не да излезат со 3 голмани, а да брани Лесјак 58 минути, другите двајца да држат место за џабе.
Многу е важна оваа недела за клубот.
Прво да видиме на шо сме во ЛШ, па гостување во Скопје.
Или ќе тргниме со оптимизам и некоја надеж за сезоната, или ќе оди колата низ брдо, во ЛШ, а недај боже и во суперлига.
Ваљда научиле нешто и сработиле ко шо треба на тренинзи.