Појќе од солиден преоден рок.
За буџетот шо го имаме и појќе од очекуваното.
Добро ќе беше да се земи уште еден десен, ама сега да не бараме преку леб погача/
Штом не донесоа досега изгледа немало ништо салам на лагер шо би напрајло разлика.
Ако не се лажам, за слободни играчи шо не биле пријавени кај други екипи има можност за дополнителна пријава за настап во ЛШ.
Па можи ќе излези нешто на видик наредни месеци.
Реално, заради малиот број на високи леваци, десен бек е најтешка позиција да ја скпепаш ко шо треба.
Да му дат шанса на Цехте, ете и Павле нека игра по некоја минута, па да видиме како ќе изгледа.
Ако не оди со овие двајца ваљда ќе покрива некој од левите бекој овде.
Официјалните мечеви ќе ја дат правата слика за екипата.
Околу Манасков, на крај ко ќе се сумират сите впечатоци, можи и паметно напраја шо не го зедоа.
Манасков е одличен играч. нема збор.
Ако не го земат ( оставам простор оти има уште време), или одлучиле дека не треба да го земат покрај то шо влечи една незгодна повреда зад зебе, најпојќе би било според мене за ротацијата напад-одбрана.
Ниско крило, единствено би можел да се уклопи во тим со јака 5ка во одбрана.
Со Тајник во тим, кој најверојатно ќе го играт по +50 минути на секоја важна утакмица се затвора местото за низок играч во одбрана.
Шо значи дека Тајник мора да биди на терен и да игра на 6ка во одбрана. ако сакаме брзо да нападниме по грешка на противник и да бараме лесен гол.
Да го менват на секој напад, се губи концепцијата на организацијата на нападот, се губи на брзина и слично.
Тој како најдобар техничар во екипа, треба одма прв да ја земи топката и да пушта топки до прв слободен играч, по можност за брза транзиција, нешто слично ко квотербекот во НФЛ.
По она шо ги видовме во Добој со јаките екипи, а и по то шо го знајме за противниците од групата, јасно е дека ќе имаме мака со нивната брза транзиција, односно со нашата неможност да наместиме одбрана.
Зато ќе биди многу важно да даваме лесни голој, да чуваме сили за одбрана.
Ал Ахли не отепа на контри, исто и Монпеље во второ.
То е заради падот на кондиција, слабата ротација на десната страна и неможноста да смениме брзо и да наместиме одбрана.
Истото ќе биди во ЛШ.
На сите мечеви, освен со Загреб ќе имаме мака со та брза игра на противниците.
Ако не успеваме да успориме темпо и ритам ќе имаме проблеми, ако не оди во напад, ќе мора да се бира постава шо брзо ќе се враќа назад, без замена или во најлош случај со максимум една замена.
Според мене, најдобра одбрана би била со Петар Атанасијевиќ во тим на 5ка, Тајник на 6ка, за да имаме цела постава ко шо треба при евентуална успешна одбрана.,
Петар има потенцијал да биди новиот Алушевски, со правилен тренинг и да му се дава шанса ќе кини во два правци детето.
Со Цветан на 5ка тешко ќе оди, нема снага да ја покрие та позиција.
Засега подобро се снаоѓа во напад на оваа позиција од Петар и би требало да е прв избор.
И да не е Тајник во тим и Танкосен да е во одбрана, пак ќе чкрипиме таму, оти и Танкосен не е дефанзивец да покрие на 5ка.
Единствено од средните бекој шо би бил идеален да покрива во два правци е Павле Атанасијевиќ, игра одбрана јака, брз е, напаѓа на зона.
Да поработат со детето на техника ќе биди машина.
Двата во тандем со Петар, во одбрана партали ќе прат, трчат, покриват, шо ни дава шанса за поистурена одбрана.
Само со 6-0 со брзи противници шо имат јаки шутери тешко дека ќе оди.
Не знам шо се случва со Павле? Оти не играше досега?Повреда, тактика.... ???