Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Утре е првиот тест на Јович и Шундо :cool:
Не очекувам некој драстични промени во играта, пошо е и малце нереално да се очекува нешто драстично да се смени во толку краток период. Она шо сите сакат да го видат е агресивна одбрана и поналце технички грешки во напад. Ако успејме да ги спуштиме утре под 25/26 погодоци, ќе биди супер.
Незнам како стоиме со повредите, ама убо ќе биди да ги изротират сите играчи и да се пробат шо е можно поќе комбинации и во напад и во одбрана, како припрема за натпреварите во плејоф.

Си викам дека неможи да биди полоша играта од то шо досега ни го пласира Ларс:cautious:
Мада никогаш не вели никогаш...
Убо ќе биди да победиме утре за мир во куќата и психолошка подготовка за клучниот натпревар наредна недела во Скопје.
 
Шо е најјако Валтер уште е во градот денес го гледам низ Корзо [emoji23] а утре ќе тепаме но најважно е за Скопје со 1961 да се спремиме а СЕХА е само за забава [emoji6]

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Какво голчиште на Павле :eek::bravobe:
Одлично игра и во одбраната.
 
Павле Атанасијевиќ :ojeaa::ojeaa:
Еве една од грешите на Ларс шо не го играше воопшто....
Јовиќ барем го знај како диши од двојката и ќе има минутажа....

п.с. Мириса на 1/4 финале со 1961, па да си ги играме 5 пати сезонава, да има забава. :sekcza:
 
Ќизиќќќќќќќќ ЧКЕМБАРИШТЕ !!!!!! :D
Ауууу мајстор за пенали 3 фати вкупно :cuc:
Официјално 2 место во група, избегнат Загреб, штета шо испуштивме +7 така имавме шанси да вкрстиме со Вардар оти ќе бевме 1 место, сега останва да чекаме или гробарите или Прешов.
 
Ќизиќќќќќќќќ ЧКЕМБАРИШТЕ !!!!!! :D
Ауууу мајстор за пенали 3 фати вкупно :cuc:
Официјално 2 место во група, избегнат Загреб, штета шо испуштивме +7 така имавме шанси да вкрстиме со Вардар оти ќе бевме 1 место, сега останва да чекаме или гробарите или Прешов.
Убо ќе е со партизан да се падниме а најдобро со 1961 да се избегниме
 
Голманите се повампирија па си замачкавме тро очи. Играта е та шо си беше. :toe:
Се надевам на мотивација ќе го добијат дербито, а таму и не ти треба ништо да смислуваш само јака мотивација и борба.
 
Добро е што го сменаа Данецот , ама незнам колку ќе има време да се досредиме за 10 дена.
Се гледа одма измена во пристапот и борбеност , конечно Павле почна да добива шанса , ама ова победа нека не не лажи многу оди Нексе беше без 7 стандарди играчи .
Ќе имаме проблем на десен бек (Велковски нема шанса нешто за изигра, се е на Хосни таму ), ама со борбена игра и јака одбрана се е можно .
 

Уште еднаш набрзинка на рипит ;) :D
 
Со Степанович наместо Кукоски во одбрана изгледаме далеку постабилно.
Мислам дека триото Степанович/Хосни/Вссилев е идеалнлто решение за одбрана а можи и кога игра Жаре нс негово место да влегва Суси во одбрана.
Загрижва формата на Жаре и незалагањето на Хенеберг. Посебно Хенеберг од кој многу се очекуваше во овој дел од сезоната.
Вчера изигравме супер, со водство во текот на цел меч, дури на моменти имавме и +8.
Ме бендисва моментот шо пред натпреварот а и во текот на мечот, тренерите разговараја со секој играч поединечно и му укажуваја на грешките. А добро е шо постојано ги ротираја сите играчи, буквално сите добоја шанса вчера барем по 10мин во текот на мечот.
Имат период од 10дена да поработат со тимот а убо е овај викенд да напрат еден спаринг со двојката за да се пробват поќе комбинаторики.

Супер пристап, интересен натпревар и шо е најбитно на крајот од мечот конњчно среќни лица и задовослтво од играта кај публиката.
Можи да е ризичен, ама според мене правилен потег шо напрајвме промена во стручниот штаб. Ако ништо друго се промени психолошкиот момент кај екипата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom