Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Многу летате со паметот, без навреда, ама ракометно сте заглавени во 90тите, ваљда дека повеќето сте постари и мислите дека ракометот уште се игра како во годините кога бевте најсилни како клуб.
Пелистер ниту има школа (ниту еден играч не е ваше дете во сегашниов тим), ниту пак играчите се битолчани за да се палат како што мислите дека ќе се палат вие (повеќе скопјани имате во екипа :D) ако има тренер битолчанец, ниту пак Шундо или Јовиќ се тренери за поголеми достигнувања.
Пишав и во темата на РК Вардар, со овие состави, не со Шундо, со Папата на клупа треба титула да земете.

Секако губам кладба за фудбалот со еден од вашите членови, така што дотогаш ќе треба да избришам профил :D

Друже, како прво вие споредувате со натпревари кои ги играте во Европа, со доста посилни противници. Ние на гостувања губиме од Татран и Партизан по 5-6 разлика, среќа што со овој состав не играме во некое европско натпреварување. Најважно е дека вие имате 10-тина странци во екипа кои ви носат голема широчина во составот и во ниту еден случај не може ние да сме фаворити, особено што најјаките играчи ни се тотално вон натпреварувачка форма.

Секоја споредба со ланската година е излишна, затоа што и на хартија имавме подобар состав, ве залажа оној момент со победата во Скопје. Ние игравме топ и во ЛШ, во осмина финале му одигравме нерешено на Веспрем на нивен терен. Вие загубивте многу со заминувањето на цел тим, ама колку толку покривте со засилувања, ние не купивме ништо.

Лани:
Вардар

Голмани: Томовски, Борко, Гогов
Одбранбени бекови: Диало, Мишевски
Пикери: Тото, Валчак, Столе, Петров/Атанасовски
Леви крила: Дибиров, Чувара
Десни крила: Ѓукиќ, Георгиевски, Ќосевски
Леви бекови: Талевски, О.Њокас
Средни бекови: Карапале, Гаџа, Додиќ, Крстевски
Десни бекови: Моралес, К.Њокас

Пелистер

Голмани: Секељи, Кизиќ
Одбранбени бекови: Куковски
Пикери: Граџан, Маркоски
Леви крила: Ојлески, Маџовски
Десни крила: Божиќ Павлетиќ, Радовиќ (покрива и како бек), Костески
Леви бекови: Мандалиниќ, Обрадовиќ, Кукуловски
Средни бекови: Периќ, Табоада, Танкоски
Десни бекови: Мараш, Велковски

Вардар од овој состав губи 9 странци. ДЕВЕТ странски играчи. И тоа не било кој. Ја губи душата на тимот, Тимур Дибиров. Ги губи титаните во одбрана, Тото и Диало. Го губи еден од најперспективните средни бекови Додиќ. Гаџа кој пред претходната сезона ни беше најдобар среден бек, ама го измачија повредите. Њокасите кои знаеја да блеснат, но и да трошат топки, како и уште еден пикер за ротација во Валчак.
Вардар НОСИ САМО ДВАЈЦА СТРАНЦИ од кои едниот има 18 години (Добрковиќ). Другиот е Дута, а тоа сите знаеме во каква форма е донесен. Читај што пишувате за него во ваш фан клуб. Дечкото е повеќе тука за ротација.
Згора на тоа Моралес веќе е во години и влече повреди, а Ѓукиќ се повредува на период од 5 месеци и не знам дали воопшто треба да го броиме дека е се уште во тимот.

Другите засилувања се од екипи како Пролет и Струга. Најголемо засилување е Манасков, кој за жал, не е баш во формата во која го знаеме. Да, Манасков е класа за оваа лига, ама кога ти немаш бекови, џабе ти е кој и да ти игра на внатрешни позиции.
Друже, Диало го заменивме со Велко Маркоски, а ти велиш дека сме фаворити за титула.

Еве сликовито, како изгледаат составите за оваа година.

Вардар

Голмани: Томовски, Борко, Гогов
Одбранбени бекови: Мишевски, В.Маркоски
Пикери: Столе, Лазаревски, Аларов, Атанасовски
Леви крила: Манасков, Чувара
Десни крила: Георгиевски, Ѓукиќ, Ќосевски
Леви бекови: Тале, Дутра
Средни бекови: Карапале, Добрковиќ
Десни бекови: Моралес, Јагуриновски

Пелистер

Голмани: Лесјак, Кизиќ
Одбранбени бекови: Кукоски
Пикери: Василев, Пешевски
Леви крила: Ојлески, Кузмановски, Павле Атанасијевиќ
Десни крила: Радовиќ, Костески
Леви бекови: Кисум, Суси, Сери, Стевановиќ, Хененберг, Ѓорговски
Средни бекови: Танкоски, Дејвис, Петар Атанасијевиќ
Десни бекови: Хосни, Велковски

Кој е фаворит во ситуација кога вие имате 11 бекови, а ние имаме 6?
Еве кај вас Емилијан нема да го броиме дека е повреден, кај нас нема да го броиме Добрковиќ кој исто така е подолго време повреден.
Ситуацијата е 10 бекови на 5 бекови (ако го додадеме Мишевски дека би играл напад, 10 на 6). Меѓу нив, ние имаме повратник од повреда како Дутра, тотално вон форма. Го имаме Моралес кој се мачи со повреди. Значи ние се на се имаме само 3 здрави бекови.
Тале, Карапале и Јагуриновски. Друже, оваа бековска линија нема шанси да го издржи цело првенство во ист ритам. Мислиш ли дека треба да играме уште тешки утакмици како двете со Алкалоид, гостуваење кај втората ваша екипа, гостуваење во Кавадарци? Лесно ви е вас, две утакмици со втората екипа ви се одмор, против нас ќе влезат наострени до коска. Па и таа со Тиквеш е дискутабилна, колку ќе играат во полн погон против вас.

Не заебавајте, имате 10 странци во екипа, од кои повеќето бекови, најважните позиции. Тоа не се што годе странци, туку дел скандинавци, а дел искусни репрезентативци. Ние имаме 4 странци, од кои едно дете, едно крило, повреден бек и бек на 36 годишна возраст.

Ланска година тренер ни беше Дејвис Камара. Да те потсетам дека со Бутинот ви се спротивставуваме годинава? :)
Играчите од кои највеќе се плашите и ве решија лани, сега немаат 5 утакмици изиграно годинава заедно.
Столе повремено влегува во игра, додека Борко само еднаш бранеше годинава и топка не фати. Лани ве фативме и на квалитет и на мајд гејмс :)
Годинава треба чудо да се случи за да земеме титула. Вие ја утнавте работата со тренерот и типот на играчите, нема хемија меѓу нив, ама на хартија сте барем две класи посилни од нас, не само за меѓусебниот дуел, туку и за широчина на состав за да се истрпи цело првенство.

Нешто што не се споменува, а е голем пех за нас е и повредата на Лазаревски. Дечкото газеше во одбрана, а и во напад беше топ. Гледаш дека со Атанасовски играме како пикер. Па ако ви земеме титула со овој состав, треба катанец на салата да ставите и клубот да го згаснете.

Срамота е на толку фрлени пари да не ја земете титулата.
Прашањето која ви е стратегијата ко клуб. Со Шундо ќе градите европска екипа?
Бидете реални, Бабиќ и Валтер не успеаја ништо да направат во европски рамки, не па дуо ко Јовиќ и Шундо. Знам дека Шундо е препосветен на работата, ама се мислам дека новата сезона ќе ви донесе нови разочарувања кога амбициите на клубот нема да соодвествуваат на остварените резултати.
Кога дојде Валтер до небо скокавте, се правеа мемиња со слики од филмот Валтер го брани Сараево итн.
Ама на крај исплива на површина лошата селекција на играчи, немање компас на клубот, играчите донесени пред да биде назначен тренерот итн.
Странските играчи сакаат да работат со попознати тренери и голем дел од нив потпишуваат кога знаат дека ќе има добар проект, со добар тренер, добри финансии итн.
Тоа ти е како да очекувавме дека со Кастратовиќ или Доне ќе земеме титула во ЛШ. Русите дојдоа ради Самс, шпанците ради шпанските тренери, балканците ради добриот проект. Што ме дојде сега некој? Сигурно сакаат Бутинот да им биде тренер.
По мене, добар е потегот што го сменивте Валтер, што го одбравте Шундо, ама само ако ја води екипата до крај на сезона. Дека иден проект треба да градите со ова дуо, тоа само ако плафон ви е освојување македонска лига и Ф4 во Сеха лига.
 
Последно уредено:
тоа само ако плафон ви е освојување македонска лига и Ф4 во Сеха лига.
А шо друго? Освојување на лш или европската лига со милион/милион и пол евра??
Кој и да е тренер, не шпанец, марсовец нека биди, со играчи со овие финансиски рамки то ќе биди плафонот. Ако се игра лш, едно достоинствено претставување, ако игра европската лига по мое максимум 1/4 финале.
Јовиќ како и шо реков претходно, заслужи прилика од клубот. Од аспект гледан низ призмата на желбите на публиката овој потег е 10-ка.
А за школата нормално е да нема деца ко досега(пред2-3год) сме немале школа. Но, ете сме на праг на вадење играч, Самоил од двојката има иднина во ракометот. Тоа не е процес од денес за утре, но ако опстои проектот сигурен сум дека ќе дојдат и таму резултати.
 
А шо друго? Освојување на лш или европската лига со милион/милион и пол евра??
Кој и да е тренер, не шпанец, марсовец нека биди, со играчи со овие финансиски рамки то ќе биди плафонот. Ако се игра лш, едно достоинствено претставување, ако игра европската лига по мое максимум 1/4 финале.
Јовиќ како и шо реков претходно, заслужи прилика од клубот. Од аспект гледан низ призмата на желбите на публиката овој потег е 10-ка.
А за школата нормално е да нема деца ко досега(пред2-3год) сме немале школа. Но, ете сме на праг на вадење играч, Самоил од двојката има иднина во ракометот. Тоа не е процес од денес за утре, но ако опстои проектот сигурен сум дека ќе дојдат и таму резултати.
Не викам да бркате освојување на ЛШ, ама барем подостојно преставување во Европа. За македонска лига не ти требаат толкави вложувања, се знае зошто се носат странците. Не може да си дозволиш да не победиш со екипи кои се на средина на табела во Шпанија, Португалија, Данска, од завојуван регион итн. Ланската сезона имавте многу подобар настап, барем на такво ниво да бидат успесите или редовно учество во ЛШ, со резултати бар како оние на Металург.
И не се само тренерите во прашање, успех со хокејарско менување постави, не може да ти донесе успех, па ако сакаш и Раул и Парондо донеси ги на клупа истовремено.

Во иднина и вие и ние (ако опстоиме), може да сонуваме за носење македонски играчи, се знар во кој тим ќе одат. Гледаш од сите млади селекции ги собраа играчите во нивните два тима, што успеавме да се докопаме и вие и ние до некои играчи досега, во иднина толку ќе ни биде.
 
Не прај мајтап титула да земиме и да играме ЛШ ќе биди максимум шо рече фаворито плус ако видиме во која сала се тренира па чудо е како и шундо се излажа да дојди па резил сме од ЛШ(ЕХФ) ко ќе дојдат да ја видат салата ќе не вратат во чечинџ куп или некој на саемските градови, да си ги пуштиме нозете колку шо е чергата не сме ние државен проект за перење пари па задоволни ќе бидиме тука по селата да бидиме први каков проект каков буџет ко сала немаме и медицинско се тренира во 2023 година пет пати го праеја кровот и пак течи за котелот на палети е резил три пати ги зедоа парите а паркетот е посебна приказна
А за играчи страмота е вие да зборате ко кај нас се близнаците плус во двојката пикерот ќе биди топ како и то бекчето со лева а и црногорецот ќе биди играч за жал другите наше првенство до Романија ќе му биди максимум

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Последно уредено:
И вие Шундо го напрајвте ко после 10 години Бундес лига да го вратиле, па како го кандисале. Арапите и Романија му е сивито. Нејсе не ми е целта да кудам, со ваквиот сплет на околности можи тој и Ацо ќе бидат најдобар избор за Пелистер. Нема потреба ни од еуфорија или кукање за изборот, резултатите ќе си кажат.
 
И вие Шундо го напрајвте ко после 10 години Бундес лига да го вратиле, па како го кандисале. Арапите и Романија му е сивито. Нејсе не ми е целта да кудам, со ваквиот сплет на околности можи тој и Ацо ќе бидат најдобар избор за Пелистер. Нема потреба ни од еуфорија или кукање за изборот, резултатите ќе си кажат.
Да те надополнам и најуспешниот селектор, 5то место, со малце појќе среќа можевме и 1/2 финале да играме во Србија. Давајте голој не било тактика нз шо, па после него шо видовме едни тактичари кој од кој поголем... Не треба само тактика, треба и хемија, екипата да диши заедно, да гинат за секоја топка, нешто шо македонската репрезентација после Шундо го немаше. Исто беше и во фудбалот со Мрме, демек тој кој знај шо тренер е, ама хемијата ја напрај, ги здиша сите како еден епилогот го знајме. На утакмицата со 1961, 10% е тактика, другото е желба, мотив, срце на терен, кој ќе ја сака појќе победата, тој ќе победи. Не се и не треба Стерјеви желби да ни исполнуват, овај онај курле мадле. Со Нексе да ги отворат вратите иако знам дека единствен приход на клубот се картите и фан шопот, ама во овие моменти најважно е да се врати довербата кај битолчани, салата да крцка (како лани со 1961), да му се дај поддршка, да се напрај хемија во градот, оти моментално е нарушена. Да ги зближи шундо овие играчи сите колку и да има проблем со јазичната бариера, па макар и една прошетка до Смолево добро би дошло како тим билдинг. Да извади клубот 2-3ца ракометари на неколку штандој в недела од сатот до спортската, кој сака да се слика, па не е лошо и некоја наградна игра да се напрај на полувреме од Нексе пример еден дрес или поло маичка да се дај има многуу работи како да се подигни атмосферата, се надевам дека клубот и Шундо ќе смислат нешто.

Sent from my SM-G998B using Tapatalk
 
Види јас лично сметам дека со друг тренер дека и медал ќе земевме во Србија, ама то е веќе нагодување. За неговата стручност не коментирам, пошто нит сум гледал, нит ќе гледам Катарско или Романско првенство. Мене никаква еуфорија не ме мава како поќето, ама веќе ко му се даде шанса, треба да му се дај подршка.
 
Да те надополнам и најуспешниот селектор, 5то место, со малце појќе среќа можевме и 1/2 финале да играме во Србија.
Да му текнеше еден фластер на Хансен да играме тогаш, можда и во финале ќе бевме.
 
Да му текнеше еден фластер на Хансен да играме тогаш, можда и во финале ќе бевме.
Исто и манасков вашиот да не промашеше или борко не фрлеше контра полуфинале ќе игравме а тајаутот беше потрошен сега после војна сите генерали да форсираше 1963 домашни можи на секое ќе игравме финале итн...

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Исто и манасков вашиот да не промашеше или борко не фрлеше контра полуфинале ќе игравме а тајаутот беше потрошен сега после војна сите генерали да форсираше 1963 домашни можи на секое ќе игравме финале итн...

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
Не заебавај ебаја 6-7 разлика, цел пресврт Хансен го направи
 
Заќути , ако успеете по некоја случајност да го победите гигантот ВАРДАР , кај ќе играте ЛШ бе опинок ????
У Скопје ќе играте , ќираџии ќе бидете , кој ќе дозволи у тоа кокошарникот да се игра!!!
Дај жиро-сметката да ви донираме пари за ракометот,фудбалот па и кошарката а за инфо и вие немате сала ни стадион на државата се и молете дп*не да се врати да ви поможи нешто како шо сала и стадион ви напрај во "метрополата" оти ќе одите под стечај !

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Дај жиро-сметката да ви донираме пари за ракометот,фудбалот па и кошарката а за инфо и вие немате сала ни стадион на државата се и молете дп*не да се врати да ви поможи нешто како шо сала и стадион ви напрај во "метрополата" оти ќе одите под стечај !

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
Го чекат Борко кивата да стани министер за спорт да ги спаси, политиката ги напрај политиката ги уништи, и уште во мадињата
на бравот се пикат, кираџии!
 
Заќути , ако успеете по некоја случајност да го победите гигантот ВАРДАР , кај ќе играте ЛШ бе опинок ????
У Скопје ќе играте , ќираџии ќе бидете , кој ќе дозволи у тоа кокошарникот да се игра!!!
so se naljuti brat ? tuku ostaj to malce off topic da te prasam nesto abe vardar pelister kaj ke se igra fudbalo ? mislam na koj stadion oti vo izobilstvo imate vie vo glavniot grad pa birate kaj sakate zato prasvam da ne me svstis gresno
 
Дај жиро-сметката да ви донираме пари за ракометот,фудбалот па и кошарката а за инфо и вие немате сала ни стадион на државата се и молете дп*не да се врати да ви поможи нешто како шо сала и стадион ви напрај во "метрополата" оти ќе одите под стечај !

Sent from my SM-S901B using Tapatalk

во селска сала не ги прибираат :pos:

надежта последна умира, а за миравци шансите им се нула, односно сите титули им се на клуб во интензивна, погребан прашање на време
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom