Ептен бевме сигурни во победа, само не знам од каде

Мотор не е шалабајзерска екипа, иако е во втората германска лига каде настапуват заради одржување форма и се во самиот долен дел на табелата ама покажа машка игра и поарно шо испаднавме, оти никако не можи да му се реваншираме на Нексе и ќе отпадневме одма во 1/8 финале.
Сега нека се спремат за Вардар, имаат 20тина дена, ако и таму изгубат тогаш ова екипа треба сите буквално бркање и јово на ново, за Валтер се ми е кажано чекам денот само ко ќе си замини, послаб тренер амин, да видиме со Стевановиќ како ќе биди, Кисум е топ, Хененберг и Хосни втората полусезона сосема други играчи.
п.с. Која е причината за Хосни шо не го пуштат да замини ? Ако навистина го барат за во Бундеслигата, тогаш греота е да не го пуштат, на секој играч сон му е да заигра таму, шо е проблемот не плаќаат оштета ?
Ако се работи за германци, мислам то не е причината, пушти го играчот земи оштета и готово, вака само бадијала се руши атмосферата во тимот....
п.п.с. Да не остана некој од управата да зборни со Турченко за потпис ? Ете ти вистински бек, кој многу лесно можиш да го донесиш, место тромот Суси, по бадијалџија јас во животот немам сретнато и сигурно е потечен во окото од тротинетот, можи аирбегот му се отвори на тротинетот па го удри
