Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Se mi se cini deka Lazarov ili Shundovski ke se treneri ama ajde ke pocekame ili ke si terame so najjakiot Jovic i to e :D
 
Лазаров тренер на Пелистер , само колку добро звучи то , да му се дат одврзани раце и да се врати Пелистер таму кај шо му е местото клуб-репрезентација. (y)
 
Лазаров тренер на Пелистер , само колку добро звучи то , да му се дат одврзани раце и да се врати Пелистер таму кај шо му е местото клуб-репрезентација. (y)
Абе ако не дојди да изигра последна сезона во Пелистер, тој за мене е завршена приказна.
Нека оди во Алкалоид или кај било само во Пелистер не.
 
“Чувствував внатрешно задоволство. Потајно и самиот сакав тоа да биде Пелистер. Битола ми беше најдрага. Ги гледав тие натпревари со Лемго, полна сала, атмосферата, Чкембарите, ја видов Европа. Во тоа време Вардар уште играше во расадник, сала со 700-800 места. Не беа сè уште преминати во Кале. Атмосферата не можеше да се спореди. Во Битола кога ќе поминеш низ Широк сокак, а играш ракомет, се чувствуваш како да си лично Тито, без разлика дали имаш 16-17 години или си постар. Такво е тоа чувство. Мораше да бидеш добар, го сакал тоа или не. Страшен притисок носи играњето во Пелистер. Многу млади играчи не успеаа.” - Лазаров
 
Кире е величина во светскиот ракомет и таков спортист нема да се појави во Македонија во наредните 30 години. Секоја чест за континуитетот шо го држеше низ текот на целата кариера.
Настрана од тоа, за мене, со тоа што не ја заврши тук кариерата и наместо во Пелистер одбра да продолжи во Алкалоид, веќе нема никакво значење за битолчани и Пелистер. Стерјев на неколку наврати имаше изјавено дека има интерес од страна на клубот за соработка со Киро, меѓутоа другата страна не покажа интерес.

Нека му е со среќа во новите предизвици и се надевам дека на првата средба со Пелистер, ќе ги почастиме со една 10ка за добредојде во суперлигата. :D
 
Даниел Гордо НЕ Е повеќе опција за тренер! ❌️

Стипе Мандалиниќ потпиша за АЕК, ќе го развива ракометот кај нашиот јужен сосед.

Најкасно за 5-6 дена треба да се знај за тренер...
 
Нека не брзаат, има време... Можи пред првиот собир да го договорат тренерот, па за играчи ќе договорат некој на пријателските утакмици.

Сериозна екипа шо претендира да игра во Европа, најдоцна до мај месец го затвара ростерот. Ние веќе јуни замина а уште немаме ни тренер, фалат 3-4 играчи, ниеден договор не е обновен(барем официjaлно засега).
 
За Гордо уште пред 2 недели се знаеше дека отпаѓа од комбинација. :свиркам:
Звонко мислам дека не е ни во поширок обзир.
 
Ко ве читам шо желби имате мислит човек буџет од 10 милиони имате не од 1-2 мил. Бидете малце и реални во очекувањата зашто и условите кои ги нудите не се баш најсјани почнете од салата па натака,не секој може да работи така не ви се ова 90ти години.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom