На вчерашен ден, пред точно 23 години Пелистер се бореше за финале во КПК, во една таква конкуренција, со навивачка атмосфера шо не беше дотогаш видена на ракометните терени во светот , ниту пак е видена до ден денес, а прашање е дали некогаш ќе се повтори такво нешто, за жал мислам не.
А вчера шо дочекваме?
Некојси Гуглета да дели правда со публика, ејјј дојден кузнеј од каде ојде да се расправа со битолската публика,
АЛООО АРЕН СИ?
ДНОТО ГО ДОПРЕ КЛУБОТ ВЧЕРА. МИЗЕРИЈА.
То е, самите играчи не се свесни во каков клуб идат да играт, со какво реноме и историја и пред се каква публика се работи.
Тие не се свесни, ама и од управа не се свесни во каков клуб работат, и ко ќе се нема одговорност ќе се дешават вакви работи ко вчера, распашана команда е клубот во однос на дисциплината.
Играчи шо мислат дека идат да играт за Спартак Војпут, Динамо из Панчева, РК Колубара и РК ПИЧКОВАЦ?Глумат овде некој звезди, демек кој сум јас, играчо голем, зведата.
Каде бе море тиквари едни...
Она вчера шо го напрај Гуглета, да се случеше на било кој меч во Битола, до 2005 година, на било кој меч па жив немаше да излези од сала.
Не прам муабет шо ќе му се случеше да беше во тие години, од 93-99 година, на кошот ќе висеше на кровот на салата.
Колку треба да не мислиш со глата она да го напрајш?

Онај по то шо го напрај не смееше ни да се погледни кон трибината, камоли да се расправа.
Па ојде по утакмица дрес да му дава на публиката, абе бегај таму.
Не е ни чудо шо дечкото беше без клуб толку време, се рашетаваше таму низ Србијата, по вукојебините, и сеа ние овде мангупите го приберваме, го бркаме Резо, за кој?
За Гуглета да дојди, да јади +2 К месечно, па уште и правда да дели со публиката?

Плус, Коко и Злате? Каде бе ејјј? Наместо да го земеа тој мангупо и за уши да го извлечкат од терен и да го натерат пред сите да го слечи дресот на Пелистер, оти не заслужва и да му дат карта во еден правец од кај и да дојде тие обратно, ќе го бранат Гуглета и
ЌЕ СЕ ТЕПАТ СО БИТОЛЧАНИ?
Каде бе алооо? РЕЗИЛ, ГРЕОЈ,мизерија...
Настрана шо до негде во право беше шо му дофрли Гуглета на Мартин, голот падна заради то шо Мартин се тргна од гол.
Ама реакцијата после то беше непрофесионална и од двајцата, посебно од Гуглета.
Ама и Мартин има голем дел од вината, каде бе дете, играш овде за Пелистер, дошла 2000 публика да те гледа сеедно ти е, небаре пријателска играш некоја со РК Ринија.
Седнал онде се трга од гол, шо играш ти бе? Кошарка?
Толку да се немало желба за победа, за докажвање, па кој сака нека е тренер, играј ти за победа, за клубот, за публиката.
После ќе кукат нашите му ги земале странците местата?Е па како бе да не ви ги земат местата,како?
Ко играте ко без душа да сте, ко да ви е сеедно, дојде овде Борјан Маџоски од Скопје, гини за клубот, со гла влегва во секој дуел, овие мува не ги лази.
Иди онде Поповиќ се џитка в реклами за да спаси топка...
Е па не се чудете оти ќе си бидите цел живот резерва, никој не ви е крив, шанса ви беше даена на сите, никој не ја искористи, истото важи и за Битолчаните во Работник.