Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Не чини управата а?:)Anyone?:P[DOUBLEPOST=1439559974][/DOUBLEPOST]
Го бива за нешто детево,или само е левак?:pos:

Овој е подобар или побатал од оној имењако и презимењако шо му е шо играше во Металург пред 5-6 сезони? Па и на иста позиција играт... Кај се најдоја :D
 
Истиот изгледа е има играно во Металург 2008/09,и во Горење,Гумерзбах,Вецлар има во убај клубој али колку е добар ако дојди ќе видиме :)
 
Овој е подобар или побатал од оној имењако и презимењако шо му е шо играше во Металург пред 5-6 сезони? Па и на иста позиција играт... Кај се најдоја :D
Истиот е :D
 
затишје пред бура почнува да извира долгонајавуваната река..
 
Ќе сме учествувале на некој меморијален турнир во Прилеп кон крајот на август. Освен ние и прилепчани ќе учествувале и РК Беса (Косово) и РК Диомидис Аргус (Грција).
Се надевам дека дотогаш ќе се комплетираме.
 
Ќе сме учествувале на некој меморијален турнир во Прилеп кон крајот на август. Освен ние и прилепчани ќе учествувале и РК Беса (Косово) и РК Диомидис Аргус (Грција).
Се надевам дека дотогаш ќе се комплетираме.
Турнирот ќе се организира во чест на Миле Нешкоски, и се правеле напори да стани традиционален.
 
А шо си мислеа тие за 10000 евра годишна плата ќе го донесат Станојевич... :icon_lol:
Квалитетен играч на пазарот можиш да најдиш за 20000 - 40000 евра годишно а за десен бек цената е далеку поголема пошо се најдефицитарни играчи на пазарот . Шо значи испод 30 К не наоѓаш добар десен бек а посебно не во август.
Требаше прво десен да барат а не да се мандорат со Левче два месеци за децата од Скопје.
Ај не е толку лоша екипата како за почеток ... Можи да се корегира на зима со 2-3 играчи .
Во глобала сум задоволен ако е вистина сумата шо се спомнува како неофицијален буџет на клубот. Дури можи да се кажи дека со тие пари завршија одлична работа . Сега се на ред локалните моќници да го препознат проектот и да почнат да го помагат клубот за следна сезона да се испазари уште подобро.
 
Паре нема...:icon_mrgr:Ништо ново на југот...:)
Добар левак,без едно 3 К месечно нема шанси,овај гарант е некое преодно решение,ама поарно било каков отколку да си го ебаме умот со Кире Митревски или Башлако на десен:)....(на пример):LOL:
И поубо вака,скромно,да се знај до кај е чергата,отколку да блефират,да земат скапи играчи како пред некоја година со Жујовиќ и компанија и да рикнат за два месеци...
 
Овој Станојевиќ и на Металург не му се погоди итоа дури беше во најдобрите години и плус ги имаше Мојсо и Жути тука да разигруваат со него... Премногу нерезонски шутој, премногу непрецизен понекогаш а беше платен грдна пара.
Подобро да донесат со тие пари и бек и крило отколку да спичкат се на играч кој е на залез на кариерата и последно се маткал во Катар колку да бери пари.
Овој босанецот искусен а настапувал за два клуба... Да не грешам душа ама има млади србулиња со лопата да ги риниш плус црногорците се во мода последниве години.
 
Овај Босанецо има "реума" во кичмата..:pos:
Уште недојден се фати за полојната...:icon_mrgr:
Го тегнеа,го тегнеа,дури на мајтап му викат на тој физиотерапевтот ТЕГНИ ГО ПОЈЈАКО,ДА ГО НАПРАЈМЕ ДВЕ МЕТРА ДА БИДИ...:ROFLMAO:
Ај да видиме шо ќе понуди..
Ама ако има проблеми уште недојден кузнеј дали е паметен потег да се земи ваков играч...
Вака на прв поглед не делува импресивно,барем не физички,нема ни некоја висина за десен,ама можи на терен ќе се покажи,ќе видиме во Прилеп....
Иначе,дојде то детето од Велес,вака од далеку личи на Пискало,ко го видов си реков ОХОО ГО ВРАТИЛЕ ПИСКАЛО,после видов дека не е тој..
Многу слична градба се,слична фризура,дури и сличен стил на игра имат..
Не е лошо детето,мислам дека ќе брка работа,ко шо сме кратки таму со леваци....
Од другите,овај Маркудов има градба детето,можи да се изделка нешто...
Давидовски некако ми делува како незаинтересиран,а и прилично низок е за голман,шо знам,ќе видиме и со него....
Арсиќ мислам дека ќе биди полн погодок,си ја знај батето работата,знај да се постави на удар,не оди по семки при секој шут,долги раце,нозе,знај да се постави,треба да биди еден од подобрите голмани во лигата сигурно....
Топиќ и Митревски треба да бидат то шо ни фалеше лани во одбрана,со овие двајца ќе се зацврсти најслабиот дел од одбраната лани,ко игравме на средина со Папата и Богдан и не бушеше кој стигни,или гол беше или пенал,или ако љуфнеа случајно противниците,иначе тешко одеше..:icon_mrgr:(и по некоја топка шо ќе фатеше детето со зелни Хамел патичиња):icon_mrgr:....
Топиќ е грамада од чоек,по,по...само да има некој да го рани со топки,а Кире е за перкање назад измислен...:sakasuste:Уште Фарук да го земевме какво трио ќе беа,од соништата,ама и Коко ол-раунд играчот не е за бацање:cool:...:masa:
Борјанчо Факинг Маџоски не е лош,има висина и сила ко коњ скопјаништето,ама некако му фали некоја елеганција во играта,неизбрусен е,ко Дрогата во движењата е,мора да поработат на то,посебно на играта без топка и работата со нозе...иначе има материјал да се иделкат и двата,млади се,има простор за напредок...
Ќе видиме во Прилеп на шо сме,има простор за уште некоја корекција...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom