Ќе сркниме то шо нема кркано песот на Василица..
Туку навикнати сме веќе,губевме од кој стигниме овие сезони...
Од Коњух Намештај,од Мили Пјанго од Турција

,и од кој не...
Иначе не се ништо посебно бе овие Чесите...
Нашата школа со нивната во секое време,е сега разликата меѓу нас и нив е шо тие работат континуирано,а ние си прајме курташак и ебаваме златни таленти....

Бавна одбрана,гледам еден куп дупки имат внатре во зоната од 9 до 6 метри..
Овде играч со финта на прв чекор можи парче да ја напрај одбраната...
Како Фитило некни со Прилеп,а и Дрогата со негојте потези

можи да напрај беља..

А за очекување е дека ќе играт фластер на Николиќ уште од старт,а во најмала рака истурена 5-1 одбрана,ништо чудно да сменат и во 4-2 ко ќе видат дека најголемата сила ни се бекојте...
Можи и да ни одговара таква игра,зошто Николиќ е асистент,а можи добро да го разигра Папата...
Имаме шутери да ги разбиеме,само ќе треба да се отвори доста простор за Дрогата и Фитило,то шо е убо кај овие деца е шо не се плашат да шутнат,па ако му тргни ќе имаме некоја шанса да даваме голој....
Барем за нападот не треба да бериме гајле,иаме напад и бекој како шо сме немале долго време,можи Дрогата и Фитило се уште деца,неделкани се,ама барем имат мадиња да распалат,па ако влези арно,ако не то е...

Да се паметни после да ја рашират играта кон Папата и кон Игорче,можиме да напрајме доста...
Имат солиден голман...
А нападот не му е ништо посебно...
Ако не не запукат на контри не би требало да примиме многу голој...
Средниот бек е доста бавен,а и левиот бек е тежок,тромав,трапав...
Ѓуптинот на десен не е лош,брз е на прв чекор,можи да прај проблеми..
Доста играт и на пикер...ама и тој не е нешто посебно..
Да имавме еден касап во одбрана ко Ќани ќе го стопеше,вака ќе се мачиме,оти неаме висина и тежина во срцето на одбраната...
Плус најголемиот проблем ни е ротацијата...
Прашање е колку ќе изиграме со 8 играчи во поле...

Плус голем проблем е голманот,онај со Хамел патичињата ми е ептен нестабилен..
Се губи со Прилеп и Преспа,овде ко ќе види европски меч,тапани в сала,дрн,дрн ќе се подмочни,дандало ќе му се земи,посебно ако му се распуцат од бек,ко шо се плаши од топката и месечари сам ќе излези......

Ах бе како можеа да го пуштат Свежио кај она Иве,пола екипа ја ебаја со ова...
Сите да ги пуштеа него да не го пуштаја,значи толку неспосбна управа немало,ни ќе има....

Така ти е ко конците ги влечат луѓе шо појма немат од ракомет....
И настрана то,два месеци држат голман,странец,а најслабо место ни е во тимот,и наместо да го регистрират тие дупенка прат....
Каков таков Симоновиќ е Штербик за онај со зелените патики...
Плус одбраната ни е голем проблем,за одбрана треба многу трчање,и Ќани ако е паметен поарно нека пушти некој од тие дечиштата за одбрана,отколку да ги троши Папата или Николиќ...
Ако остат простор,а остават,има да не избушат ко балони,посебно ако прајме технички грешки во напад,ќе не сакатат на контри..
Мора еден од бекојте да одмара во одбрана...
Плус мора да го врати Рајатоски кај шо треба,да менва бекој,друго е со 4 бека,друго е со 3 бека цело време,малце да ги збуниме,не одма да не прочитат и да не сакатат уште од старт...
И мора да се игра на бавни напади,ако одат ко шо си знат,земи бапни ја ни се еба мајката...
Гледам судите Украинци се...шо е уште една лоша работа...
Па ако наметнат од почеток домаќинско судење,ко шо неаме искуство има да ни се еби пиперо...

Освен Папата и Николиќ се друго е зелено...
Почетокот ќе биди клучен,ако успејме да се ослободиме од притисокот и да дајме неколку брзи голој,посебно да добијат малку самодоверба Дрогата и Фитило ќе биди полесно..
Па да се надеваме дека и тие нема да имат ден....
