Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Значи еве кој е поголем оптимист од сите нас овде ... После 33:20
п.с.Почните да тргате пари уште од сега на страна, за,да ја урниме та арената во Келн :vozbud:

Па макар и 10 год. да немаме спорт во БТ ама една година да сме во тоа ебано Ф4 и да ја запалиме салата да не види светот...
 
Во право е Јанев, се прели чашата во клубот, секогаш било така не само во РК туку и во ФК е така, прво се цени туѓото, за нив има пари одма на време, за нашите деца чекајте вие за 2-3 недели ќе ви префрлиме. Така е во Македонија повеќе се ценат дошлаците отколку староседелците...
 
Аман бе пак тој Јанев,ќе земи пари,одма узбуни крена(па уште на ФБ пиши):tapp:,на времето со Ефто му исплаќаја пари,па не сега...
Сигурно ќе ги исплатат...
Е сега шо ќе биди за наредна сезона то е тешко да се кажи...
 
Овие изгледа ни план ни програма имат, додека сите клубој се подготвуват за следната сезона, кај нас тапа:facepalm: Зомимак си ги продолжи договорите со тројца клучни играчи, кај Вардар и Металург не ѓи читам поќе форумите нерви ме фаќат:mad:, па добро бе на толкав град со толку јавни прептријатија, бизнисмени, власт неможат заеднички интерес да најдат еден клуб да напрат да функционира ко шо треба, а шо е најболно знат колку го сакаме спорто, арам да му е и власта шо ја имат и парите, ние овде да се собериме шо пишиме на форумот, волонтерски од љубов да ни го дат РК Пелистер да го работиме поголеми успеси ќе имаме и посреден ќе биди клубо одколку ова шо го прат овие хоштаплерите белосветски:tapp:[DOUBLEPOST=1401819992][/DOUBLEPOST
 
А кога имало кај нас план и програма па сега да има?
Дојде јуни, заврши сезоната ајде сите на одмор до јули онаму... Ќе речат само има време не треба да брзаме и чао џаци. Кај нас многу поинтересно е да се барат кои се профитерите, кои се луѓето од сенка и такви слични ѓаолштилоци. Пази аргумент e кој се шета со странците по корзо и пие кафе, тој е профитер :place:
Па и уште не бил консултиран спортскиот директор ко се носеле играчите. Истиот тој директор шо ги донесе Игнов и Печенко? :sneaky: Или тој шо ги зеде за рака странците и ги однесе фудбал да играт во општинска лига? :rolleyes:
Не заземам ниедна страна, ама шо очекуваја со 200К да се напрај на полусезона да бидиме шампиони? Еве и 2011та цело лето се фрлаја пари се носеа разноразни полуиграчи, тогаш дури и похаотична беше ситуацијата оти од ден на ден не се знаеше кој си ошол кој остана :coffee:
Едно е јасно, дека за играч добро да се процени прво треба да се адаптира на условите и да одигра една цела сезона. Во услови како нашите, сала -30 степени на зима, соблекувални на 100 метри од салата, без тимски припреми, без опрема... Прво не ми е јасно кој очекувате да дојди, а второ ете Металург и Вардар иако имаат феноменални услови, енормни буџети пак му се провлеква по некој безвезен играч, да не збораме за изминатите 6-7 сезони колку шкарт роба донесоа...

Па и уште ко ќе кажат бренд сме биле а у... :вонзем: Сме биле точно е то, ама сега не сме.
 
Чекај малце грешка си, сега ко ќе го реализират проекто за затоплување на салата во 2018 со биогориво, бања ќе му биди :pos:[DOUBLEPOST=1401830360][/DOUBLEPOST]Еве на една слика на ФБ од денешна слава шо му пиши левото на десното крило, колку е вистиа незнам ама ќе дознајме за брзо :icon_mrgr:
Igor Ilievskiti si srce moe uste jas i ti nemame ekipi najdeno drugite orman fatija
 
Последно уредено:
(Ќутењето)е мајка на знаењето,или како и да беше?:icon_mrgr:
Додека другите пазарат ние се тргачиме колку буџет ќе сме имале....небаре ова е буџетот на Кил па ќе се распарават сега....
Има време,ќе почекаме,не се брзаме...:icon_mrgr:
 
@Tomasino to e najvnovo sega za budzetot se raspravat kolku ke bidi ?
Дур не се трансформира во АД, не постои чоек во Битола шо ќе ти кажи точно шо се случва, ако беше РК Пелистер АД според новиот закон за спорт, ќе требаше да изготват финансиска конструкција за буџетот за наредната сезона, зато ФК Пелистер го продават оти неможи да го крепи Општината, а законските правила се строги, треба се да се плаќа играчи, доктори тренери да ги осигурат и пензиско и здравствено, макар и со младинци да играт, е сега шо дупка имат најдено овие во законот шо уште не го имат трансформирано РК Пелистер и се уште си терат по старо (не се знај кој јади кој пие и кој плаќа), незнам, ама за брзо ќе мора да го трансформират, ако не биди Циле тој шо ќе го трансформира ќе биди општината па ќе го продават и истатата ќе биди песната како со ФК Пелистер, па ќе си чекаме држ недај, повуци а погами га и мало потегни :D ќе пропадни уште една сезона и.т.н
 
Мене ме чуди како е можно Куманово заради то шо не се трансформирале во АД да го казнат и да го исклучат од прва лига и на нивно место влегва Работнички,а нас не толерират иако сме уште здружение на граѓани,исто и со Вардар....
И ај сега барај примена на закон?
Шо да речи чоек,во ваква држава се е можно,дива лига....:mad:
Значи,документи за пререгистрација поднесоа уште летото....
Еве шо вика чичко законодавец..

Професионален спортски клуб во фудбал, кошарка, ракомет и одбојка во највисокиот степен на натпреварување е акционерско друштво.
Професионалниот спортски клуб од ставот 2 и 3 на овој член се запишува во Регистарот на професионални спортски клубови (во натамошниот текст: Регистар), кој го води органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот.
За уписот во Регистарот, се издава решение во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за упис.

Поминаја 300 дена од ко рекоја дека ќе се пререгистрират...
И кој овде го прај будала....:confused:
Море ајде таму,ништо не функционира како треба....
Клубој како Радовиш,Преспа,Овче Поле(what the fuck):confused:ја завршија цела процедура ние заглавивме во правните лавиринти(како и секогаш)...
Море ајде таму,кој ќе го лажите уште,резил е ова шо се прај со клубот....:tapp:[DOUBLEPOST=1401914541][/DOUBLEPOST]
@Tomasino to e najvnovo sega za budzetot se raspravat kolku ke bidi ?
Според неофицијални информации то е на дневен ред сега и главен проблем,зошто ЕХФ купот не е играчка,само за пат,смештај за една утакмица ќе заминат еден куп пари,и то само за едно коло,ами да се пласираме за некое чудо во групи,ќе треба салам кеш да се има......
Некој велат буџетот ќе биди како досега,негде околу 250 К,други пак велат ќе се зголеми барем за 100 илјади и ќе биди негде околу 400 илјади....
Шо е точно ќе видиме за брзо...
 
Последно уредено:
Дури Дон Циле одлучи колкав ќе биди буџетот во РК Пелистер,у меѓувремену се отепа од згради праење...Битола,Скопје,Котор и тако даље...Така да некако ко да нема време да се дупи со клубот....му препушта на тие шо го крадат и мислам ништо нема да се мени...Дај боже да грешам али ај да видиме:unsure:[DOUBLEPOST=1402000933][/DOUBLEPOST]Ај дури чекаме буџет и останати работи и плус управата чита... Па можи ќе видат во 1985 год колку имаше само Битолчани на гостување во Бјеловар и да земат да го вратат клубот на старите патеки а не да крадат пари :mad:
 
Последно уредено:
шо се откажваш одма:cautious: чекај има време ке смислат нешто нашите дури да почни сезоната :sneaky:
 
Дури Дон Циле одлучи колкав ќе биди буџетот во РК Пелистер,у меѓувремену се отепа од згради праење...Битола,Скопје,Котор и тако даље...Така да некако ко да нема време да се дупи со клубот....му препушта на тие шо го крадат и мислам ништо нема да се мени...Дај боже да грешам али ај да видиме:unsure:[DOUBLEPOST=1402000933][/DOUBLEPOST]Ај дури чекаме буџет и останати работи и плус управата чита... Па можи ќе видат во 1985 год колку имаше само Битолчани на гостување во Бјеловар и да земат да го вратат клубот на старите патеки а не да крадат пари :mad:
Не е ова во Бјеловар,ова беше бараж утакмица за опстанок во прва лига,се играше во салата Бањица во Белград...
Еј до кај сме стигнати,30 години поминаја од ова утакмица и ништо не е сменето,уште го чекаме Циле да го одврзи ќесето....:pos:
Доказ до кое дереџе е дојден градот...:гик:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom