Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
da ne znaj nekoj koga ke se igra so vardar utakmicata od 4to kolo ?
Треба ова недела од вторник-петок,ама со оглед дека Вардар игра утре со Фленсбург,не ми се верва да се игра ова недела...
Некој велеа дека требало да се игра во четврток...
Со оглед дека имаат реванш со Фленсбург нареден викенд,и утакмица со Металург на 2 мај ништо чудно да се игра во четврток....сигурно ќе сакаат шо побрзо да ги изиграат во домашната лига полесните утакмици за да се спремат за Металург..
 
Не се игра оваа недела со Вардар сигурно !
Највероватно другата недела после реваншот со Фленсбург, тоа иди негде 29/30 Април (Вторник/Среда) или пак ако ја презакажат за после двата дуели со Металург шо му се на 2 и 6 Мај, па така тие со Пелистер да играат после 6 Мај што не ми се верува така да биди, ама се е можно во нашата лига...
 
Во последните неколку години , за жал битолчани следат европски ракометни натпревари само на ТВ.
Но да не заборајме дека и тука се играше некогаш врвен ракомет. Еве едно видео од натпреварот РК Пелистер -РК Флензбург од 1/8 финалето на ЕХФ купот во 1997 година кој заврши со резултат 27:24 за Пелистер. :)
 
Вистина ако се носи тренер и да му се дава одврзани раце да прај екипа, треба да се донеси некој афторитетен чоек, шо има зад себе историја, чоек шо има шо да изгуби, оти само то можи да го натера да ја одбери екипата по своја мерка и мерка на квалитет, ако дојсиме пак некој профитер ќе си кукаме овде како кукајци и погоре читам дури почнаја Ефто да го барат !!!
Полека се ќе биди ОК !!!
 
То е проблемот кај нас шо наеднаш скокаат амбициите до небо,а сеуште не сме ја спремиле подлогата за такво нешто..
То ти е таа пуста,огромна желба за ракомет во Битола,мала искра и одма се палат сите,се прат планој,и на првиот неуспех одма ќе се почни со критиките,Битола е ова,овде нема место за неуспех кога се работи за ракометот..(или барем така беше до 2000 година)...
Пред 3 години се почна добар проект,се донесоа салам играчи како Жујовиќ,Перо Мисовски,Маретиќ,Чантурија(за разлика од овие)ама за жал не бидна ништо,најпојќе заради игри зад грб,нешто слично како денес..
Сега почнаа срамежливо,па наеднаш скокнаа амбициите(за да се заштеди некој месец плата на некој странец):icon_mrgr:и видовме шо бидна.....
Кире беше тргнат по долгодишна работа со првиот тим и беше донесен чоек шо години е надвор од ракометот....:facepalm:
Сите се надевавме дека ќе биди нешто,сепак Томче беше голем ракометар,живееше во Франција,научил нешто од таму,ама не е ова Франција....
Ваква игра и таму појќе не играат,баш некни Кил ги гледав,тие форсираат игра без замени,ама Кил е Кил,години иста игра,кај нас играта се менва со секој тренер,и џабе трудот....
Остајте то,ете викат дека му дале на Томче одврзани раце да си прај екипа....
И сега покрај толку агенции шо посредуваат при трансфери,покрај толку скаути на Балканот и толку екипи кај шо можиш да ископаш некој играч ние ојдовме да бараме играчи во Олимпус Кишињев:гик:,зошто,зошто му биле другарчиња на Багето....:pipi:
И сега ги носат играчите,и Томче седнат на кафе со Баге и Иве по некој изгледан клип нормално ќе речи,абе нека седат шо,странци се,ќе се крени еуфоријата...:)
Онај Филиќ кузнеј кај го ископаја,сегде кај шо бил се задржал само по некој месец,сегде добил клоца....не е ни чудо,толкав стап да не можи до гол да дошутни со екипи како Пролет и Тинекс.....
Ракочевиќ е посебна приказна,се е кажано за дечкото....
И еве да го сумираме ефектот на сите 5 души во пролетниот дел,Филиќ едвај дава по 1,2 гола,а добива салам минутажа,онај суртукот Вакаруз чекаше да се врати Свежио и да си седни на клупа,за таму е тој,Јуравлиев е добар за цепелини со Преспа и Радовиш,Бесараб кутриот бел ден не виде,се мачи на десен бек,од сите тој е најобесправен,и нема шанса да докажи дали има нешто во него или и тој ќе биди како Филиќ...за Ракочевиќ се е кажано...
И ефектот на сите 5 мускетари е тој,по 1-3 гола во просек(освен Ракочевиќ кој го зедоа за украс),и пак главни играчи се Пискало,Папата,ете Јанев,Оса,Дрогата,Свежио(за кој сите праевме мајтап на почетокот ко дојде ама колку толку се покажа дека има потенцијал).....
Е па за вакви играчи имаше и кај нас,да го земеа онај десниот бек Стефанов од Тинекс барем ќе добиевме на висина,и шут има детето ако ништо друго,шо не можи да се кажи ниту за Вешо ниту за Ракочевиќ....
Со парите шо се фрлија можеа да си ги вратат нашите играчи,ете Везенио,Чантурија,зошто да не и Пецако,ако сакаја можеа да го земат....
И сега кој ќе ја преземи одговорноста за преодниот рок?
Циле бил изнервиран,Циле вака,Циле така...ами шо очекуваше Циле дека ќе напрат?
Го напраја истото како пред 3 години.....
Јас гарантирам да му ги даеја тие пари на некој чоек шо барем малку разбира ракомет,да се растрча низ екс СФРЈ ќе испопаше еден куп добри играчи низ Србија,Босна,Црна Гора,Хрватска...
Ете Вукичевиќ,непланирано го зедоа,одма се виде дека дели од тој(под)просек шо дојде,штета шо се повреди,ќе ни ја спасеше можи сезоната,вака ќе се мачиме....
Има еден куп екипи шо работат со млади деца,ете во Босна Борац и Добој имат добри школи,влегоа во криза,можеше некое дете да се ископа од таму...
Карачич дојде во Вардар од Босна,која беше на дното на Сеха,анонимен играч,Вујо ги ископа од нафталин,видете го сега шо прај по 3 години каков играч стана,за никакви пари добија ол-стар играч....
Хрватска има еден куп салам деца,можи најдобрите на Балканот,ама треба некој да ги побара..ете Циндриќ во Металург,сигурно има еден куп како него таму,работат Хрватите,не се заебаваат.....
Ете и Србија,има еден куп екипи салам,видовме шо ни напрај Југовиќ и Врбас,а то се трета класа екипи таму..да побараја ќе најдеа некој салам играчи....
На тацна ги имаме пазарите кај шо можиме да купиме нешто,ние ко некој слепци одиме на ќоро во Молдавија да бараме играчи,ова ти и исто како оние коли шо шиткат да ти речат абе бате не чинат во Германија колите,од Бугарија ќе ти најдиме некоја салам,авион...е истото ние го напрајвме...:facepalm:
Исто и на лето ќе биди,ако не се клај ред,да се почни да се работи сериозно и да се бара некој стандард за то кој можи,а ко не можи да игра во Пелистер....
Но прво ќе мора да се одлучи шо сакаат,дали има амбиции клубот,ако има ќе треба да се напрај реформа...
Да се почни со тренер прво,то е основата,ако нема тренер џабе е се,видовме со Маковеј шо значи да се има ТРЕНЕРИШТЕ,е ко имаш тренер ќе имаш и основа за екипа...
Ама за да најдиш ваков тренер треба да се потрудиш,прво пари ти требат,па стратегија,ниеден сериозен тренер нема да дојди на ќоро,сите бараат гаранција и сериозност,не да го избркаш по 2 месеци..
Пред 3 години,носат дебитатант Ратко Џурковиќ,еве и сега....
Се знај какви тренери се носат ако се прај екипа,ако се прај екскурзија како тука ќе носиме вакви тренери,шо ќе си учат занает овде,се знај занает се учи како помошник тренер,а за главен тренер на Пелистер треба да се клај име и презиме не било кој.....
Читам преѓе на ФБ,на тој другиот профил(неофицијалниот)на РК Пелистер некој го брани Томче,АБЕ НЕМА ИГРАЧИ,ИНАЧЕ ЌЕ ВИДИТЕ КОЈ Е ТОМЧЕ....:pipi:
Е па за со Тинекс,Јуниор
треба играчи?
Многу работи чкрипат,мора да се напрај корекција иначе џабе е се....
Ај колку за прва сезона простено му е,ама од на лето ќе мора да заигра метлата,иначе џабе е....
 
Последно уредено:
Пелистер - Прилеп 2010, сабота во 13 часот во Битола :)
 
Има вистина во шпекулациите околу смената на Томче Петрески. Можно е да не го заврши плејофот.
Според мене , ќе биди многу идиотски потег да го тргнат на сред плеј-оф. Бидна шо бидна , нека го остат да ја доврши сезоната ,каква таква .
Сепак ова е негов концепт на игра , па да го видиме крајниот резултат.
Само штета можи да донеси евентуална смена на Томче во моментов , како шо беше во случајот со Кире(за кој исто мислам , дека требаше да го остат уште неколку утакмици да ја заврши полусезоната)
На Пелистер му треба име и јак тренер со богато портфолио зад себе , а не шалабајзери како Томче шо мислат дека Пелистер е малска екипа па ќе си прај експерименти.
Челинџ куп мора да обезбедиме за наредна сезона , за да се има континуитет на јаки натпревари во есенскиот дел , пошо првенството ни е многу слабо за жал. Па така ќе можи да се одржва една добра форма и поспремни ќе влезиме во плеј-оф на пролет.
Ама мора ова лето да се среди салата , оти срамота е на ништо не личи она.
МОРА столчиња да клат и да ги средат барем WC-та и соблекувалните и да се обезбеди простор за новинарската ложа на трибини.
Овие работи мора да се средат ова лето оти ништо не прајме. Џабе се ќе биди .
Ќе треба и Челинџ куп да играме во друга сала , недајбоже во Охрид или Скопје.
 
А добро се знај кој е точно управа на клубот? не знам не можи бе од пискачо да се чека да носи имиња, кој го знај кој го познава.
Не е дефинирано ни со Циле шо е како, никој изглеа точно не знај.
Има нејасноти многу, двојче или негови луѓе мешат нешто во управата?
 
Појќе тренери сменавме од Палермо и Катанија заедно...:drk:
4 тренер сезонава....:icon_mrgr:
 
Шо утакмица е ова?пријателска?
1/8 финале од купот. Не сме нешто посебно наоштрени ние за утакмицава, би требало од второ полувреме натаму да си наметните ваша игра и да победите со едно добри 4-5 гола разлика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom