Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Сега имаме ист број на бодој со Џуниорите....:tapp:
До крај останват 3 кола,играме два пати дома(со Преспа и Куманово)и во гости со Овче Поле...
Реално сите три утакмици треба да ги добиеме...
На крај ако имаме ист број на бодој,имаме подобра меѓусебна гол разлика....
Не е толку страшен поразот,колку шо неубо делува,уште одма на старт да изгубиш од дечурланата е претерано заебана работа,плус со мизерни 20 гола завршивме,после Чатле не чинел...:pos:....
Срамота е да се дозволат повторно и повторно порази од random екипи...
Па кој стигна го тепа Пелистер,Охрид,Радовиш,Џуниор...шо е доста доста е...
Се фрлија големи пари(за наши услови)за екипата да добие барем на квантитет(ако не на квалитет)и пак иста песна..
Јасно е дека не можи се преку ноќ,дека екипата треба допрва да се гради,ама не можи вака..
Ако веќе мислеа да купват странци требаше летото да се земат,не сега на сред сезона....
Не се знај ни кој е прва постава,ни кој е прв среден бек,ништо,онај Црногорецо десниот бек го зедоја само туристички:facepalm:,поарно Рајатоски да го остаеја,вака џабе пари срка...само се фура така,е па едно се тренинзи друго се утакмици...
Ако сакаш да напрајш добра екипа треба да се уиграва екипата цело време,да се напрај еден филтер,да видиш шо е најквалитетно и него да го форсираш....
Не знам шо да речам стварно,ај да видиме како ќе се тера понатаму....
 
Ако веќе мислеа да купват странци требаше летото да се земат,не сега на сред сезона....
Ако се донесеа странците на почеток на сезоната проектот немаше да ви издржи до плеј-оф. Располагате со ограничен буџет и овој состав на екипата да беше цела сезона, буџетот ќе немаше да може да го поднесе. Паметно е изиграно од луѓето што ве водат, ваљда целта е излез во европа, и во зависност од степенот на исполнување на таа цел ќе зависи и буџетот за наредна сезона.
Ако и догодина Вардар и Металург се пласираат во ЛШ,( еден како шампион друг со вајлд карта) тогаш реално е да се докопате до квалификации за ехф куп. Реално таму незнам што ќе барате со ваков состав :).
 
Петрсеки одма да си поднеси оставка, му дадоја одврзани раце, со багето и иван марковски донесоја играчи непроверени, зедоја проценти и сега дојде прашање за влез во плеј оф, а се дадоја премногу пари. СРАМОТА!!!
 
Неможам да го прифатам поразот НИКАКО!!!
Не ми се верва уште дека изгубивме денес:facepalm:
200 000 евра да потрошиш , 6 интернационалци + нов тренер и да одиш да изгубиш од младинска екипа...:cuc:
А му замерија на Кире за резултатите и за играчите шо ги купи од наша лига . ЕЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈ!!!!:facepalm:
Нека му ги прекинат одма договорите на молдавците и на тој црногорецот(десен бек) , ама ОДМА да ги вратат дома.
Нека го вратат на Петко син му до Зомимак и Рајатовски на десен бек и ако треба сите нека ги изгубиме до крај утакмици , само овие дебилите шо ги дојсоја да не ги гледам. Па уште премија барале ако тепале денес.(y)
Премија за нив ќе биди ако му ја платат картата за дома да си одат во Молдавија.

Цел проблем е во Томче . Тој имаше слобода да напрај тим и да ја заврши сезоната.
Тој и треба да ја сноси одговорноста најмногу. Зато и од него очекувам прв оставка да си дај , уште во понеделник.
Нека се напрај напор да го вратат Свежио , ако треба нека се плати поќе само да се врати.

На лето носење само тренер од надвор и точка. Поќе вакви експерименти да не се прат никако.
 
Не сакам да се мешам но еве ќе произнесам едно мое видување на работите. ДОКОЛКУ денес Металург Ј. не го победеше Пелистер можно беше да не влезат во плеј оф бидејќи Радовиш играше со Тинекс Пролет дома( Пролет победи со 2 разлика во последните 2 минути иако Радовиш водеше цело време со 1-2 гола едно време дури и 5). Ако Радовиш денес победеше најверојатно ќе влезеше во плеј оф, бидејќи дома воопшто не се наивна екипа а у гости се дупки невидени. Пелистер каков таков може слободно да го победи Јуниор, па денешниов пораз да не ве чуди воопшто;). Никој нема да му дозволи на Радовиш да оди во плеј оф, така да работите си дојдоа на своето место.
 
Ne znan sto navistina se slucuva, Filic, Besarab ne postignaa gol dodusa mala minutaza imaa a onaj crnogorecot ne bil ni pisan. I sega koj i zosto gi donesol vo Pelister. Tomce ocigledno e daleku od trener na seniorska ekipa, ocekuvam ponedelnik ako malku ima moral da podnesi ostavka se natamu od nego ke bide samo brukanje.

Sent from my GT-S6310 using Tapatalk
 
Напраја голема грешка шо си играја со тренер...
Ако веќе праеја нешто требаше да се дојси салам искусен тренер..
Џабе Кире го тргнаја,ако ништо друго Кире беше во тек со работите,за разлика од Томче кој тренираше пиење кафе на Широк Сокак сите овие години....
Можи живеел порано во Франција и работел во некоја екипа,ама то беше пред години....
Со менвање тренери на секој два месеци ништо не се прај....
Ете Каменица беше слободен...ама сега е касно,екипата е напраена....
Сега џабе е и да го сменат Томче.....
То е,да се истуркат уште овие два месеци па после да се види шо како....
Многу нелогичности со играчите,премногу..
Носат десен бек(кој не е ништо посебно)+нема право да игра...:facepalm:која е логиката?
Останваме само со Вешо на десен....(секој коментар е излишен за квалитетите на дечкото)..
Се трупаат средни/леви бекој,сите играат по 10 мин,не се знај ни кој е прва постава ништо..
И чекаме нешто..
Таман погодивме голман,ебаја работа така го испуштија,никој не кажва шо се случи со него и носат труп од Молдавија...
Требаше по секоја цена да го вратат Свежио,не да си прат курташак и да експериментират,ако беше за такви голмани ги имаме еден куп овде.....
То е,сега да чекаме да видиме како ќе се одвиват работите,да се молиме да влезиме во плеј-оф оти не зависи од нас сега...:facepalm:до кое дереџе дојдовме,да не можиме плеј оф да влезиме во една ваква мизерна лига....
 
Неможи со играчи од Молдавија да се прај тим, то ти е исто ко во фудбал од Сан Марино и Андора да носиме засилувања. За џабе фрлат пари за такви играчи. Треба шо побрзо да се најди асолен тренер и уште од сега да се договорат играчи за следната година.
 
Се зависи од ПЕЛИСТЕР доколку ги победи трите утакмици кои преостанаја сигурно е во плејоф. Имаме исто бодови со Металург Јуниот и еден бод повеке од Радовиш. Така да ако ги победиме сите сме на трето место.
 
Две играме дома и една на гости со Овче Поле.
Ако не шлакнат и тие на гости е тогаш тешко дека плејоф ќе играме . А и шо дека ќе играме ,со овие инвалидите од странство шо ги донесоја ќе изгубиме од сите надвор. И Пролет ќе не тепа и Зомимак и со 4тиот (дали ќе бидат џуниорите или Радовиш) ќе играме тесно на гости.
Полош пласман ќе имат од на Ефто ерата...:facepalm: А тогаш се играше за безпари со притисоци со молења на играчите да останат да не згасни клубот.
Ама се работеше од љубов кон клубот , тие луѓе шо беа и плата не земаја а останаја да поможат и колку толку извадија една генерација деца шо во иднина треба да се носители на играта.

Од вакви "експерти" како овие шо дојдоја само за пари дрпање , бегај дуваај... Ситни души и профитери...
Ако не го сменат во текот на ова недела Томче , нема да стапнам в сала до крај на првенството , а вервам и многу други луѓе...
Ако сакат публика нека почнат да работат како шо треба , оти пак ќе си играт пред празни трибини.
Знам дека читат овде на форум луѓето од новата управа , па зато и вака се обраќам.

ВРАТЕТЕ ГО КИРЕ НА КЛУПАТА НА ПЕЛИСТЕР!!
 

Никако не смееше да си дозволиме пораз од јуниорите ! Толку пари фрлени за пак да си играт курташак со Радовиш, Јуниор, Охрид ? :tapp:
Па само тренерот е платен 2000 евра :facepalm: Кој мува не го лази на утакмците ни да викни по некој играч ни ништо, ист Чатле во малку подобра верзија ! Можи има знаење во ракометот, ама треба да дрма на клупата не со скрстени раце, гледач плус да е цела утакмица !
Па со ланската екипа ги добивме Јуниор сега да губиме чудна работа, освен ако е местена за Радовиш да го исфрлат за да не игра плеј оф то е друга работа !

И арно кажа некој погоре со играчи од Молдавија не се прај екипа ! Сепак то крилото моментално игра најдобро од сите, на секоја утакмица дава по 6-7 гола до сега (ги сметам и пријателските) другото е просек! Голманот е катастрофа, Филиќ ти е ист Филип Лазаров ако влези арно ако не здравје важно да се шутни негде ! Бесараб е добар за одбрана, напад слабо шутира...
Од Свежио уште нема ни трага ни глас, беше најавено дека ќе дојди, сега ако чека да дозавршат уште овие 3 кола, па да се приклучи на плеј оф. Ќе ги видиме како ќе се покажат во останите 3 кола играчите, ако не очекувам да има шут карти за брзо, па за плеј оф да се бара нешто ново...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom