Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Ако не се лажам имат купено нови дресој....:unsure:
 
15070_510696289044446_372321176_n.jpg

Ослабел бе Свежио:pos: ...нема пици и пиво во Африка....Буре си е Буре...:X3:
Не беше денес на тренинг....вратен е сигурно?
 
Денес на тренинг не беа ни Јанев ниту пар Славиша да не знај некој што се случува. Искрено до сега најмогу ме разочара Томче Петревски мислев дека има потенцијал, но гледајки ги тренизите, се гледа дека сешуте не дораснат за тренер на сениорска екипа, нема никаква дициплина, се шали со играчите, и кога ќе се развика напати никој од газ не го удира, остава играчите меѓу себе да зборуваат се зезаат кога е недопуштливо зезањето и тн. Не можи тренерот онака да се понаша зема топка за фудбал прави на нога шутира кон гол онака мајтапски потоа со играчите коментира како мајтап и тн. Последно паметам кога беше Маковеј на тренинг не смееше да згазниш каде нема да ти рече а не камоли вакви курташлаци да си бркаат играчите.
 
И мој впечаток е дека Томче нема капацитет за успеси...
 
Томче има договор до крајот на првенството и ако не се покажи ќе биди сменет обавезно...
Да бидам искрен и јас се плашам дека Томче ќе разочара како тренер , ама ај да не судам рано е има време. Нека почни првенството па ќе видиме.
Во секој случај мислам дека треба да се донеси квалитетен тренер од надвор , шо ќе воспостави дисциплина малце и ќе наметни авторитет а шо ќе има и подобро портфолио од Томче.
Засега мислам дека е ОК вака , нека се истера првенството па после то шо не чини се надевам дека ќе се промени.
 
Петрески: „Ни недостигаат квалитетни тестови„


ТОМЧЕ ПЕТРЕСКИ МИНА ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН МЕСЕЦ КАКО ТРЕНЕР НА ПЕЛИСТЕР И ВРЕМЕ Е ЗА ПРВИТЕ ВПЕЧАТОЦИ
По враќањето од соседна Србија и трите контролни средби на припремниот турнир, новиот тренер на битолски Пелистер, Томче Петрески направи пресек на сработеното, но и знае кој е главниот проблем во овој период од подготовките. Пелистер со пет странски засилувања треба да го подигне нивото на игра, а битолчани со нетрпение го очекуваат првиот пријателски меч во спортската сала „Младост„ Но како да најдат противник по мерка? Тоа е главната грижа на оперативците на Пелистер: „Ја реализиравме првата фаза. Одработивме многу тренинзи и одигравме три меча кои прерано дојдоа за нас, но моравме да им излеземе во пресрет на нашите пријатели од Србија. Што е најважно ги обновивме контактите. За жал кубуриме со проблеми со пронаоѓање на добри, вистински спаринг партнери и верувам дека деновиве ќе ги дефинираме и наредните пријателски мечеви. Во предвид доаѓаат Охрид или Преспа, како и грчките клубови. Имаме пет недели до официјалните мечеви и оптимист сум дека подготвени ќе го дочекаме почетокот на март и мечевите за бодови„ ни рече Петрески, кој в раце има нова екипа и убеден е дека неговите момци одат по вистинскиот пат.
 
Да се разбериме. Мислам дека сега и шо немавме јаки контроли можеби е подобро. Но се разбира не треба да е и алиби за било шо. Зато шо прво екипата не е изградена сеуште, не е уиграна до таков степен и не е мокна (барем засега) да прај спаринг контроли со Металург или од страна екипи. Ние во Србија со екипи од 3 ешалон го папавме нормално оти не сме воиграни и ептен е рано за најјака физичка подготвеност. Зато подобро сега нека се воигруваат со екипи од типот на Преспа, Охрид, Грција. Па ко (ако ) ке ојачаме се надевам до на лето, до тогаш ке се знај дали и кој играчи (и евентуално тренерот) ке останат а кој не. Мислам дека за две утакмици рано е да се фрла со дрва и камења, оти да бидиме реални кука треба да се гради асолно полека, ако сакаме да биди нешто. Не ни треба монтажна кука. Така да ке видиме. Инаку го имаме праено муабетот за тренер. И Червар да дојди прво треба играчи и тим да сде склопи. Ене и Самсоненко на два три натпревари сам го водеше вардар али играчите си ја играја играта. НЕ велам дека не треба јак тренер али се треба да се оди полека ама сигурно. А се надевам и вервам дека за толку Томче има капацитет.
Ке видиме наскоро....
Првенството почнува на 8/9 март
 
Сношти имаше на Орбис емисија со Томче Петревски,а од играчите беа Папата и Менде...
На крај ја фатив...
Истото го кажаја,треба време да се уигра екипата,демек се планира на долги патеки да се работи.....
Некој друг да не ја фати одпочеток?
 
Sto se sluci so moldavcite i ukrainecot denes ne bea na trening. Da ne zapalija patikite.
 
Имале проблем со визите,ќе се вратат...
 
Утре ќе бидат на мечот со Охрид?
Да не знај некој што бидна со свежио?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom