Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Јаки финансиски или јаки потрчковци на вмро? :D


И двете...
Има погребално претпријатие, тендери за медицински отпад на ниво на цела држава, водовод, осветлување ова во неколку градој... Ептен зафатен и амбициозен човек.
 
Овај Еко Клуб не требаше да влегва во РК Битола?
 
Можам да замислам РК БИТОЛА ВЕЧЕН СОН
на дресојте реклама ВИЕ САМО УМРЕТЕ ОСТАНАТОТ ПРЕПУШТЕНЕТИГО НАС
 
Па Вечен Сон е на Сашо Јанакиевски и како шо праев муабет со Злате и со неколку други сурати, поќе од сигурно влегва чоеко во Р.К.Битола ... Овде во Пелистер и душата чоеко да ја дај ние ќе речиме дака Циле го напрај нештото, тој не е будала знај шо прај ... Не сум бајач ни гатач, ама осекам и нешто знам дека идат убај ракометни деној во Битола ...
 
Се врати Циле во клубот а со него се вратија и цицачите.:)
До лани никој нејќеше ни да слушни за клубот а од ко насетија малце пари и одма се појавија.
ОдмА се појавија в сала Цревото , Абдула и уште еден куп цицачи околу Сашо Павловски.
Сите насмеани среќни демек еве се грижиме го сакаме Пелистер...
А до вчера никој ги немаше.
Сега сите барат резултати го критикуваат Кире Поповски и едвај чекат да му го фатат местото , а Кире и остала екипа се вратија во клубот безпари и ко му беше најтешко.
Голема грешка ќе напрат ако го тргнат Кире од клубот . Ако се носи нов тренер тогаш Кире треба или да остани помошник или да го пуштат во школата со децата да работи.
Во никој случај не треба да се маргинализират луѓето шо останаја да поможат ко му беше најтешко на клубот(не дека и сега е сјајно:) ).

п.с.
Ова го пишам пошо почнаја одма муабети низ градот демек Кире не чинел , имал слаби резултати а тие истите шо критикуват до лани нејќеја да слушнат за клубот и резултатите на екипата.
 
Кога се почнува да се прај екипа... Се носи тренер за да ја напрај екипата онака како шо тој замислува. Кире реално (а особено Ќани) не се дораснати ако сакаме нешто повеќе, ако амбициите се да си животаркаме и Дади да го клат нема да сме зијан.
Убаво е то, ако веќе се донеси тренер, Кире или помошник или тренер во младински категории па за одредено време да биди во комбинација за тренер. Ама дека Кире и Ќани треба да останат уште 10 години само заради то шо биле и кога беше најтешко е погубна тактика. :)
 
Па реално гледано Кире Поповски не е за да ја води екипата, значи од година ако се прај салам екипа, која ќе се бори за Европа, треба и салам тренер да имаме, а ако му е нив само формално да изиграме арно вика Вилиам поарно Дади нека е тренер со џогеро :D
Сега во ред то дека Кире ја зел екипата кога клубот немал пари, ама реално гледано не е за да ја води екипата, туку треба да му дај друга функција пример да биди на младинците...
 
Ќани и Кире се заслужни толку колку шо се ... Млади и пред се неискусни тренери, без услови, водени од непрофесионалци, кога има пари кога нема ... Ќани првак во младинска конкуренција, и веќе 6 нови деца шо тренират со првата екипа, три екстра потенцијали, двајца кадетски и младински стандардни репрезентативци и еден најдобар стрелец во моментов на Р.К. Пелистер. Толку можеа луѓето сега за сега ... Ја пикнаја глата и со Ефто зедоја да се расправат шо ја менваше амбицијата на два месеци ... Кире и Ќани не смеат да се тргнат од клубот ни под точка разно и ако се носи тренер да биди странец или Звоно Шундовски ...
--- надополнето: 10 ноември 2013 во 20:53 ---
Па реално гледано Кире Поповски не е за да ја води екипата, значи од година ако се прај салам екипа, која ќе се бори за Европа, треба и салам тренер да имаме, а ако му е нив само формално да изиграме арно вика Вилиам поарно Дади нека е тренер со џогеро :D
Сега во ред то дека Кире ја зел екипата кога клубот немал пари, ама реално гледано не е за да ја води екипата, туку треба да му дај друга функција пример да биди на младинците...

Точно така, Кире и Ќани само поради неискуствотот неможат да водат сериозна екипа до височините кај шо му е местото на Пелистер, како и да е, ако се донеси нов тренер, не треба да се бркат овие двајца ...
 
Не се криви Цревото,Абдула и другите тренери шо Пелистер дојде на то дереџе..
Шо требаше да напрат тие?од џеп да вадат пари?
Тие шо требаше и можеа да поможат(фирмите,општината)ги немаше никаде..
Луѓе како Цревото,Абдула,Боро Чурлевски,Злате итн... мора да бидат вмешани во работата на клубот,макар и индиректно....
Пред се како скаути,надзорен одбор на стручниот штаб,било како....
Барем ние имаме тренери шо ако ништо друго можат да помогнат,макар и со совет, за разлика од другите шо мора увезват тренери од страна...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom