Вчера ја гледав емисијата со Абдула...
Она шо најмногу ме изнервира е делот кога Бубето кажа дека сите сакале РК Пелистер да се врати онаму кај што бил...

И то е точно, сите сакаме ама никој со прст не мрда. 3-4 пати во годината кога му се трошат тие квази угледни гости, се решаваат да викнат ракометни легенди кои ќе ги кажат маките и толку.
Зошто не му се дај простор на ЗМ или билокој да сат време неделно има емисија во која ќе гостуваат спортисти, градоначалникот и сите одговорни шо спортот во Битола е мизерија. Емисија која ќе има критички карактер а нема да ја фали општината шо ги пречекала тие каратистите откако освоиле злато на светско.
Зошто не ги испрати општината? Зошто најбитно е тоа шо се свирела нашата химна во Атина а не се битни тие кои го претставувале градот и државата?
Доста веќе гледавме назад, и упорно се лажиме дека од небо ќе паднат пари па ќе склопиме екипа за една вечер...
Потребно е планско работење во секој еден клуб во градот.
Потребни се луѓе кои ќе ги привлечат спонзорите. Зошто евн на секои 5 минути се рекламира? Како божем можиме да бираме дали сакаме евн или од генератор ќе си произведваме струја. Па тие скапи реклами и безвезни наградни игри мора да се преточат во инвестиции во спортот.
Зошто Двојче не им ували во договорите со фирмите од жабени клаузула дека барем по 100 сома годишно треба да вложат во спортот? Итака ваква ефтина работна сила нигде во светот нема да најдат.
Ама кај нас секој што размислува поинаку е 'против нив'. Ако јас сакам да спортот во Битола биди на врвно ниво автоматски сум комуњар.

Мене апсолутно не ми е битно кој седи во управата ако клубот има резултати. Мене ме јади тоа што во клубот нема место за спортски работници, луѓе како Абдула кои не знаеме да ги искористиме.
Јас немам милиони на сметка и бизнис. И да ги имав пак незнам дали би ги вложил кога е ваква ситуацијата. Мојата задача како љубител на клубот е да бидам на утакмица, да си платам сезонска карта и да си купам дрес од клубот. Точно е тоа шо го викат дека клубот се сака без разлика со кој игра и како игра...
Ама истите тие шо го викат то, го бојкотираа клубот со години а јас пак одев и на тие утакмици кога имаше по 100 луѓе во салата иако никогаш не ми платиле да гостувам некаде со клубот.
Градоначалникот ако добиеле дозвола за сеха ќе напраел и екипа и сала...
Па еве нека ги напрај и двете без разлика дали ќе бидиме или нема да бидиме дел од таа лига. Нека создај основа, за да наредна сезона самите да си се квалификоваме. Јасно ми е дека општината не можи (и не сака) да ги држи клубовите. Ама општината е должна да вложува редовно особено во вакви моменти на преживување. Шо е со стадионот и со салата? Година дена откако ги добија тие фамозни ингеренции освен малата сала, со прст не мрднаа за друго. Фамозни 3д проекти за 4 трибини, базени, реновирана сала... На крај пу-пу не се важи, чекајте до наредни избори

Градоначалникот треба да има доблест за да се појави во салата со дел од публиката, без горили и без позирања.
А не да дели медали на младинците иако има 0 заслуги за тие медали.
Многу се глупави и тие објаснувања дека не смеело партиски луѓе да ги водат клубовите, во време кога ФК Вардар со град Скопје зад него освојува титули, Мзт со Аеродром зад него освојува титули, и уште многу други примери... А ние демек си се тешиме дека можи и нив ќе им забранат па и тие ќе паднат на наше ниво...

Факт е дека и тие кои се продолжена рака на општината се неписмени, лопови и ништо не им значат клубовите.
Ракометот останва без Европа и е светлосни години назад во нашата скапана лига, ама важно можиме да делиме правда и РФМ да ни е крива за се.
Фудбалот во нашата мизерна лига игра бараж, ама важно го тепавме Вардар во Скопје па си бевме на пречек кај Двојче заедно сосе фудбалерите и навивачите...
Кошарката со мизерни 10 000 евра буџет се спаси од испаѓање...
Крајно време беше и пред 5-6 години а не пак сега да се свестиме и да разграничиме дали Битола сака и можи да има професионален спорт на врвно ниво, или нека ги затворат клубовите да не се срамиме од местења, тепачки и слично... Како шо се затворија сите фабрики, така и клубовите нека ги затворат, па во иднина ако некој со визија и финансиска моќ се нафати да го оживеј клубот океј.