Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Баш за ова зборам...
Екипата нон стоп се менва...Не можиме ни една цела сезона да завршиме со ист состав...
Ете(ако е вистина)си ојде Ордев,доста солиден играч за наша лига....
За Кире се сложвам,од ко се врати беше камен....непрепознатлив...но сепак ќе се најдеше барем за одбрана....
Друга работа е шо клубот функционира аматерски кога се работи за информирање на јавноста...
Та страната демек лани ја напраја,сега ја снема....во денешно време да немаш интернет страна е мизерија..
Башка шо грото од вестите шо ги пуштаат за наводни спонзори,тренери,играчи се тотална лага...:D
 
Кире Митревски не е заминат - тука е само имаше операција и ќе се приклучи на екипата по опоравувањето
 
Море не ми е ниту за ордев ниту тосето ако бега туку криво ми е што децата ни бегаат ете како виктор уште есента сакаа да го земат металург ама ај остана оти се надеваше дека ќе игра тука детето ама сега немаше поќе каде го прелажаа скопјаништата ...Сепак главната кривица е кај нас во клубот шо ефто уште е прецедател на клубот уствари никој ен прецедател оти клубот не функционира и е тотоално аматерски и сме на најниските гранки од кога постои клубот само ен мие јасно како од толку љубители ан ракометот спортски работници и бивши ракометари не крена глас за подбрување-промени во клубот РЕЗИЛ !
 
Море не ми е ниту за ордев ниту тосето ако бега туку криво ми е што децата ни бегаат ете како виктор уште есента сакаа да го земат металург ама ај остана оти се надеваше дека ќе игра тука детето ама сега немаше поќе каде го прелажаа скопјаништата ...Сепак главната кривица е кај нас во клубот шо ефто уште е прецедател на клубот уствари никој ен прецедател оти клубот не функционира и е тотоално аматерски и сме на најниските гранки од кога постои клубот само ен мие јасно како од толку љубители ан ракометот спортски работници и бивши ракометари не крена глас за подбрување-промени во клубот РЕЗИЛ !
kratko i jasno,nema poke mesto za komentar!
 
Јас мислам дека и оној Чурлевски ќе ни замини за брзо ќе видите шо ќе биди !!!
 
Јас мислам дека и оној Чурлевски ќе ни замини за брзо ќе видите шо ќе биди !!!
99 % nikoj do sega ne go pobaral inaku ne vervam deka ke sedi kaj nas za trenerki od ELEM vo denesnite vesnici bea potvrdeni transverite
 
И Коко се реактивира,тренира со екипата...:D
Е сега дали ќе игра ќе видиме.....
Игорче влечи незгодна повреда,којзнај дали ќе биди целосно спремен....(а за ваква лига не треба нешто посебно)....
Нека се пласират барем во плеј оф ако ништо друго,да не кркаме срам да играме во плеј аут....
За излез во Европа тешко,Пролет е посериозна екипа од нас,тешко дека ќе бидиме пред нив,реално е 5,6 место....:eek:
 
Александар Ангеловски најголемо засилување


ПРИСТИГНУВААТ ПРВИТЕ ЗАСИЛУВАЊА ВО РАКОМЕТНИОТ КЛУБ, СО НАЈАВА ЗА НЕШТО ПОДОБРА ПОЛУСЕЗОНА
Веќе две недели ракометарите на Пелистер се наоѓаат во тренажен процес под водство на Кире Поповски. Пред продолжувањето на првенството и финалната борба за што е можно подобра позиција, Пелистер се обидува да го засили играчкиот кадар за оваа пролет. Така најголемо засилување е ангажирањето на Александар Ангеловски кој во првиот дел од сезоната настапуваше за Куманово. Инаку ова момче е од струшката школа, а покрај за Куманово настапуваше и за МРК Вардар и Вардар Про. Во Пелистер се врати и крилото Игор Илиевски кој се опорави од тешката повреда здобиена во периодот кога настапуваше за Тинекс Пролет. Исто така во тренажен процес е и Златко Вељановски кој не настапуваше во последните неколку сезони. Клубот се обидува да ангажира уште две нови имиња и тоа на позициите пивотмен и бек. Инаку од Пелистер си замина само Миле Ордев, кој го носеше дресот на битолскиот прволигаш само шест месеци. Инаку се тренира со полна пареа и целта е Пелистер да биде поконкурентен оваа пролет и да се избори за место во европските купови по едногодишна пауза.

http://zoran-misevski.blogspot.com/2013/01/blog-post_2564.html
 
Секоја сезона истото,се преговара со играчите,имињата се во тајност и на крај ништо...:pos:
Ќе останиме со Коко како најголемо засилување:D(под претпоставка дека Ангеловски ќе биди овде некој месец и на лето како и грото играчи од страна ќе ги запали патиките од ко ќе види колку е сатот овде)...:гик:
 
Бајката на РК Пелистер во Златните времиња (видео)


Во желба да ги потсетиме помладите генерации на некои одамнешни времиња, кога од овие простори се пишуваше и клупската, а не само репрезентативна глобална ракометна историја, после големи успеси и подеми дојде и до пад на голем број на ракометни центри, кои некогаш владееја во Европа, но сега нивната состојба е далеку полоша.
Познат по своите навивачи “Чкембари“ и неверојатната “пеколна“ атмосфера која ја создаваат 4000-5000 луѓе во салата “Младост“, битолски Пелистер откако се приклучи во Првата лига на СФРЈ во 1983-та година, беше најнезгоден терен на кој клуб можеше да гостува од Триглав до Гевгелија. Тимот од Битола беше првиот македонски претставник во Европа, кога во 1988-та година играше четвртфинале во ЕХФ купот. По распадот на поранешна Југославија во Македонија имаше тотална доминација со што говорат и четирите освоени титули во првите шест сезони во македонскиот шампионат.
ПРВ МАКЕДОНСКИ КЛУБ ВО ЕВРОПСКИТЕ КУПОВИ
ВИЦЕШАМПИОН НА СФРЈ
ШЕСТ ПАТИ ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА
ФИНАЛИСТ НА ЧЕЛИНЏ КУПОТ
ПОЛУФИНАЛЕ ВО КУП НА ПОБЕДНИЦИ НА КУПОВИ 1996

Доминацијатата на клубовите од Скопје, ја најавија Вардар Ватростална со освоената титула во 1998-та година. Веќе следната година, во Битола беше вратена шампионската титула, која беше претпоследна во последните 15 години. Вардар продолжува да доминира, а последен пат шампионскиот трофеј го подигнаа во Битола во 2005 година. Од тогаш започна и падот, засега не можат да се остварат прилики за “подобра иднина“…
“По освојувањето на двојната круна в сезоната 2004/05, Пелистер започна да паѓа на играчки, но и на административен план. Откажаа сите спонзори, и речиси сите играчи, кои во тоа време беа репрезентативци на Македонија си заминаа, а клубот беше блиску до целосен колапс. Се формираше нов Управен одбор составен од навивачи и претседателот Евто Божиновски. Од тогаш Пелистер игра со играчи од своите училишта или ветерани кои се пред завршувањето на својата кариера“, се зборовите на битолскиот новинар Зоран Мишевски на порталот Хандбал планет, кој додаде:
“Оттогаш Пелистер има играно два пати финале во Купот, а во шампионатот беше трет зад Вардар и Металург. Минатата сезона, за прв пат не избори пласман во Европа. Единствениот обид клубот повторно да оживее, беше во 2011 година. кога спонзорот на клубот од најдобрите времиња, Силјан Мицевски се обиде повторно да влезе во клубот. Доведе и засилувања, и тренерот Ратко Ѓурковиќ, но тоа траеше само три или четири месеци. Оттогаш, клубот повторно се бара себеси и не му се пишува добро, ако не најде спонзор на Пелистер, достоен на традициите и зелени армија навивачи“.
ПОСЛЕДНИОТ ТИТУЛА ОСВОЕНА ВО 2005 ГОДИНА
ОВАА СЕЗОНА ЗА ПРВ ПАТ НЕ УЧЕСТВУВАШЕ ВО ЕВРОКУПОВИТЕ
ГО ЗАГУБИ И МЕСТОТО ТРЕТ МАКЕДОНСКИ КЛУБ
“ОСУДЕН НА ДЕЦА И ВЕТАРАНИ“
 
Од кој портал е овај текст ?
Спортарена

Има и 2 клипчина шо не ги постирав погоре. На линкот можи да се видат :)

И ова:
Да додадеме и дека како почеток на создавањето на Чкембари се смета 1985 година, кога на бараж натпреварот за опстанок во Првата Југословенска ракометна лига за мажи помеѓу РК Пелистер и РК Партизан од Бјеловар, од Битола се упатил навивачки караван од 21 автобус организирани во тоа време под името БМЧМ (Битолчани, Мотокари, Чкембари, Македонци).

Eдит:
Текстот е превземен од тука.
 
То остана,за нас да пишат во минато свршено време....:tapp:
Голем кур шо било некогаш,то шо било поминало...од спомени не се живеј,секоја чест за луѓето шо го донесле клубот на врвот...ама редно е сите да се свртат кон ИДНИНАТА...
Ама поради група на луѓе(и институции како Општината) шо во последните 10ина години си играа/т играчки со клубот Пелистер е пред распад....
Во музејот на град Битола ќе има посебна соба за великаните на градот,нешто слично како собата на Ќемал Ататурк...:eek:
 
Дали го чита ова бе некој од тие шо треба, ми иди од к*ро да си каснам бе од инает. Осудени на деца и тие децата до кога, ќе пркнат малку и петарда да ги нема во Скопје. Нека дојди тој Двојче смешно бројче, нека побара таму кај тој Груевски некој денар, Вардар го отепаја од пари давање, нека шарнат некој денар. Со 30% од парите шо се вложени во Металург, Пелистер ќе беше во топ 5 клубојте во Свето, ако не е така јас ќе се фрлам од кај мене од тараса од 11ти ....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom