Пораз со 7 разлика, 27:20.
Според некои веб портали сами сме биле криви шо не извадивме поповолен резултат, а според други сме изгубиле со голема помош на судиите.
Играчите пред натпреварот не биле оставени на мира да одморат од патот и да се сконцентрираат на натпреварот.
Мислам дека можиме да одиме понатаму оти Брест игра многу лошо на гостински терен, па со помош од цела сала и малку среќа одиме понатаму
Повелете на 3ти декември во Младост
Едит:
Брест Мешков – Пелистер 27:20 (13:11)
Ракометарите на Пелистер со 20-27 загубија во Белорусија од Брест Мешков во првиот натпревар од 3. коло во Купот на победниците на куповите.
Битолчани заминаа за Белорусија со многу почит кон екипата на домаќинот Брест Мешков, но по првото полувреме се виде дека тој страв не е оправдан. Одличното прво полувреме помина во рамноправна игра, а и резултатот кажува како бил односот на силите на оваа средба.
Второто полувреме резултатски им припадна на домаќините кои направија разлика до седум голови, кои тешко ќе бидат надополнети во Битола.
Според штурите информации од Белорусија екипата на Пелистер добро одиграла, но ракометрите сами се виновни што од таму не се враќаат со помала разлика.
Најефикасни кај Пелистер беа Маретиќ и Везенковски, а кај домашните Благоданежин сите со по шест голови.
Реваншот се игра за седум денови во Битола, а во храмот на македонскиот ракомет се очекуваат 5.000 навивачи кои ќе помогнат Пелистер да се пласира во наредното коло.