Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Утре(најкасно понеделник) почнуваат подготовките на Пелистер.
П.С.Изгледа точна е информацијата за Лазе Попов и тој напролет ќе игра за Тиквеш,штета шо Пелистер изгуби добар играч:kesa:
Сепак без редовно исплата на играчите нема успех,и тие малку квалитетни играчи шо дојдоа овие години во клубот се принудени да го напуштат Пелистер,без пари се знај НИШТО НЕ БИВА.
Тешка ситуација,и прашање на време е кога клубот ќе ја доживее судбината на КК Пелистер,зошто помош нема од никаде.:tapp:
Сега засега единствено благодарение на неколкуте ветерани-Димитровски,Николовски,Зарков...тука се и Јанкуловски,Тосковски се одржува некако клубот-барем колку толку резултатиски-шо прајме кога тие ќе се повлечат/заминат од клубот.
Младинската школа е ептен падната,дали 1,2 играчи успеале во првиот тим-одамна немаме некој добар талент кој би се истакнал со својата игра.
Така да тешко дека Пелистер можи да се надева на својата школа како некогаш кога 70,80% од шампионските тимови беа составени од Битолчани,за жал помина тоа време:nesvest:-кризата си го напрај своето.:nesvest:
Без пари,без инвестиции не можи да се има ни солидна младинска школа а камоли прв тим-то е јасно.
Така да ова е почеток на крајот на клубот(секако доколку остани ваква ситуација,дај боже да се смени нешто,за доброто на ракометот не само во Битола,туку и во Македонија)
Клубот е оставен сам на себе,од никаде нема помош-со исклучок на некои симболични суми кои се донираат периодично-приливи на пари во клубот нема,продажба на играчи нема,помош од градот нема-ништо нема.:kesa:
 
Владимир Недановски, кој полусезоната ја одигра за Металург, е првото засилување на Пелистер. Постои можност за да се врати и довчерашниот интернационалец Михајло Петревски, кој тренира со битолчани. Од битолскиот суперлигаш истакнуваат дека преговараат со уште двајца ракометари.

Нешто ново во врска со ова? :helou::salut:
 
Нешто ново во врска со ова? :helou::salut:

Тренираат и двата и Недановски и Петровски,за Недановски би требало да е сигурна работата-додека за Петровски не се знај!!
До крајот на февруар е преодниот рок!
 
штама зимава...нема никакви најави?!
шо да има најави клубот нема скршен денар па и како шо кажаја не се планирани нови играчи па барем да се зачува најголем дел од екипата или да почнат да ги играт младинците да уфрлат 2-3 во сениори
 
Зарков ветеран со младо срце

Се' додека не излезе некој од колегите да ме замени, не размислувам да се повлечам, вели искусниот ракометен пивот на Пелистер

Поранешниот македонски репрезентативец Александар Зарков (41) е еден од најискусните и највозрасните сезонава во ракометната супер-лига. Тој се' уште е меѓу носителите на играта во Пелистер, а игра на позицијата пивот.

- Со оглед на состојбата во македонскиот ракомет, се' уште може да дадам свој придонес. Се' додека не излезе некој од колегите да ме замени, не размислувам да се повлечам - вели Александар Зарков.

Во есенскиот дел, вели тој, пелистерци можеле да имаат некој бод повеќе, а во продолжението, верува дека ќе успеат во целта зацртана пред почетокот на првенството.

- Пелистер ќе го обезбеди излезот на европска сцена, што мислам дека е максимален дострел за екипава со овие играчи и финансии - вели Зарков.

Ракометната кариера Зарков ја почна во 1984 година во екипата на Пирот. Две години потоа се пресели во Шабац, каде што со тимот на Металопластика ја освои и шампионската титула во тогашна Југославија. Во Битола дојде во 1989 година и со Пелистер освои пет шампионски титули, четири куп трофеи и играше во полуфиналето во КПК. Во меѓувреме се ожени, оформи семејството и остана во градот под Пелистер.

Од домашните екипи Зарков настапуваше и за скопски Металург. Тој неколку години беше на печалба во соседна Грција, каде што успешно настапуваше за тамошните прволигашки екипи Дукат, Термаикос и Арион, а потоа се врати и повторно го облече дресот на Пелистер. Подолг период настапуваше за најдобрата македонска репрезентација и има учествувано на едно светско и европско првенство. Иако Александар има околу 100 репрезентативни меча, раководството на РФМ се' уште не се сетило од благодарност да му организира проштален натпревар.

- Се надевам дека македонската репрезентација ќе обезбеди излез на европска и на светска сцена, но со промени однатре. Долго не сум дел од неа, но како гледач мислам дека внатре се разнишани меѓучовечките односи, а тоа е пречка за постигнување врвни резултати - вели Зарков. Тој додава дека по неговото заминување во тимот на Металург и по сите проблеми таму го загубил репрезентативниот статус. Александар истакнува дека и по заокружувањето на играчката кариера мисли да остане во ракометот.

- Иднината ја гледам само во ракометот и тоа како тренер, зашто со моето долгогодишно искуство можам да му помогнам на македонскиот ракомет - вели тој.

На крајот Александар Зарков истакнува дека е задоволен од постигнатото во досегашната долга кариера и додава дека со малку повеќе среќа би можел повеќе.
 
сабота 18:30 Пелистер-Тинекс Пролет

339o8t5.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom