Честит 70-ти роденден, Р.К ПЛИСТЕР - БИТОЛА
Браво за организацијата, браво за играчите и навивачите шо се одзваа на поканата.
Би сакал доколку некој ја снимаше изјавата на Драган Маринковиќ да ја постира тука и нека трепка шо викат. Тоа треба да ни биди репер за во иднина, Пелистер е едно големо семејство, затоа треба и често дружење на релација играчи и навивачи, како шо изјави баш Драган, на времето постоеше огромо другарство со сите, личен сведок сум бил и јас во кафе бар Тач каде шо беше собиралиштето на играчите, се даваше подршка или критика доколку некој нтпревар не се изигра како шо треба. Нема да гњавам многу ќе ви постирам едно видео да се потсетиме како заедно во авионот играчите, навивачите па и новинарите од МРТВ имаја заедничко дружење на враќање од Полска. Моментот е на 1:10:38
https://www.youtube.com/watch?v=574b77I7wQo