Има видео снимка како замавнува со клоца кон некој од стручниот штаб на Охрид. На видеото од утакмкцата некаде на 2:03:10. Додека се поздравуваат ракометарите и членовите на стручниот штаб, скока од страна и замавнува со клоца. Не знам што било после утакмицата, ама ова што е снимено на стримот на РФМ им дава целосно право да му акнат суспензија.
Суспензија од 3 месеци звучи многу, ама реално ништо посебно нема да пропушти.
Утнува дуели со Тиквеш, Пелистер 2, Радовиш, Прилеп и Куманово. Суспензијата ќе опфати и два дуели од втората фаза, ама како се одложуваат распоредите, може и ништо од тоа нема да се случи.