- Член од
- 15 ноември 2022
- Мислења
- 114
- Поени од реакции
- 112
Јове веќе има некои кој го прават ова. Дел се луѓе, а дел фирми и тоа со голем капитал.Газдата на ИГМ купува пепси наместо кокакола за него пошто е поефтина ќе дадел пари во спортот.
Автоматски споено мислење:
80% од сметките во стопанска банка а.д Битола се на битолчани и битолски фирми. Пракса беше секоја битолска фирма да има сметка во стопанска банка. Сега време е секој што поседува сметка во оваа банка да ја затвори.
Автоматски споено мислење:
Абе какви 5000 евра. Со 3000 евра може да бидеш помагател. Помагател не е спонзор туку си љубител на Магдебург/Лемго/Кил и доаѓаш во финансискиот сектор и им викаш 3000 евра од Пеце од Нова Битола бакшиш, а тие ти даваат реквизити со огромен попуст. Од вакви само вадат милионски суми, а од спонзори колку Пелистер и Вардар помножено по 2. Не е проблем аберот од Скопје туку домашните пкп (партиски к**о пушачи) кои сакаат % од тоа што некој го дава за било кој колектив, а има и пкп-н (напредни) тие бараат и да се дел од тој колектив или барем нивни роднини. Така е од 2006 наваму.Да си ги повадиме уште малце очите меѓу себе, па другите нека користат. Овде на форумот има стручњаци како играле играчите, шо играчи носеле, клубот како функционирал, а негледам во позадина шо се случва против Пелистер и против Битола како град. Наместо цел град да се крени ние си ги вадиме очите меѓу себе. Екипата на Магдебург има 360 ПОМАГАТЕЛИ не спонзори, тие се фирми шо по 5,10к евра дават во клубот и го помагат, не се ни на дресови, само на официјалната страна си седат, а настрана спонзори. Битола како град, има барем 30-40 фирми шо можат да бидат ПОМАГАТЕЛИ, и има барем 10-15 фирми шо можат да се приклучат со СПОНЗОРСТВА во клубот, без да осетат ниту малце проблем со финансиите. Ама се дури имаме луѓе шо прет да напрат нешто, барат АБЕР од Скопје, како град ќе бидиме се поназад и поназад. Ако сега не се крениме СИТЕ заедно да одиме против сите нема никогаш. А вие СТРУЧЊАЦИ продолжете погоре да пишите овај како праел онај како праел, зошто бил овај донесен зошто бил онај донесем.
Последно уредено: