Пре (убо)- почнавме првите 15 минути, изгубени беа жолтите дечиња, после 15 минута МЕЛТАДАУН.

Видоја и Данците дека не можиме кондициски да парираме во одбрана и на нивната техничка супериорност и сменија напад 7 на 6 и толку беше.
Ко шо си кажаја и со изјавите изгледа не беа спремни за 7 на 6 и тука не решија.
Влезе Митун и не уби ОВЦАТА. тој ја напрај разликата.
Шо ти е ко ќе имаш класа среден бек во екипа, ја разигра цела екипа, без да губи без веза топки, имаа активен напад, какви само топки даваше по дијагонали, го разигра и онај кепецо Лике, дечкото со 178 см и желба за растење на бек не уби во секој поим, како ги работеше во одбрана, секоја чест.
Сите се сменија на него и пак џабе.
По мое, не требаше да го трошат Фитило во одбрана, требаше да одмара за напад.
Ние појќе Хосни го одмаравме, а Фитило го прегореа во два правци, а баш можи Хосни ќе беше покорисен во одбрана, да излегва на Митун.
Не ми е јасно оти добар дел од мечот игравме со 5-1 зона, а тие напаѓаа 7 на 6?
Ако не се лажам, со ваква одбрана ништо не одбранивме, само појќе конфузија се праеше.
9 гола Лике од 12 обиди, не уби кепецо, како само си се шеташе, секоја чест, левото крило Бјере 13/13, Митун Овцата 4, то ти се 26/31, то е ТО.
Читам коментари, не сме ротирале, требаше/ло сите да влезат, па и тие не ротираја. па со 3ца играчи не тепаја.
31/41 гол реализација, 78 %. то е страшно добар процент со толку мала ротација.
Никогаш не биле послаби ГОГ на меѓународна сцена, а претходно имаа ведети ко Гидсел, Мадсен, Грендал итн, и со ваков ровит состав не решија ко од мајтап, пред +4000 публика.
Тука е разликата и зато тој дански ракомет не ни одговарал никогаш.
Чувај ја топката и чекај да пукни зоната, и со играч појќе ко имавме не отвораја ко паштети на 1, се изнаигра левото крило.
Штета, уба шанса пропуштивме да добиеме самодоверба и да си напрајме пат за некоја шанса за пролаз во група
На сите 11 утакмици шо следат во ЛШ сме тешки аутсајдери и секој меч без некој пораз од под 4,5 гола, а камоли секој нареден бод би бил сензација, штом со овие дома, на ваква атмосфера се распаѓаме ко бугарска скупштина при прва разлика од 3,4 гола, то е то.
Можеа појќе, во то сум сигурен, не е толку слаба екипата,далеку од то, ама години наназад та домашна атмосфера и притисок од трибините ни е како рачна кочница, наместо да е ветер во грб, како со хендикеп да играме.
