Највезболно решение ќе беше уште на старт на сезона Пелистер да склопеше тим за да обезбеди суперлига и откако Еурофарм отпадна од ЛШ, фино лепо ќе се сменеа сите играчи

Секако во СЕХА немаат што да бараат, ќе жртвуваа една година. Така сегашниов Работник ќе станеше втор тим, а Пелистер без да загуби ништо ќе атакуваше на прво место.
Мене ова со бојата навистина не ми е јасно, не ја сфаќам ползата да се инсистира да се игра со сина боја само ради компанијата. Не знам зошто воопшто се нафати на ваква фузија Циле, освен публика, ништо друго нема да добие. А, сигурно публиката нема да ја привлече ако тера инает. Кога има пари, има и матни фаци околу клубот, има проблеми со навивачите, има притисоци од партиски фаци кои ќе сакаат да лапнат од колачот итн. Будала е што од клуб во кој е сам свој газда, се префрла во народен клуб, каде што притисокот и апетите се многу поголеми. Не се сложувам дека сакал да го уништи Пелистер, па во моментов Пелистер е скоро непостоечки клуб, без никаква иднина пред себе. Што остана да се уништи?
Работава со фузијава (која ни дава за право да ви кењаме во иднина ) повеќе ја изведоа на овој начин од што се неписмени, не од што имале намера да му наштетат на Пелистер.