Пелистер ти е класичен пример на нерентабилно работење и пред се работење без визија.
Сега сме ко Вардар и Металург шо беа пред 10 години, 15 странци се носеа во една сезона, од нив 2/3 не ја ни завршваја сезоната.
Која е логиката да носиш играчи од Иран, Габон + Зејак, за да ги бркаш по неполни два месеци од почеток на сезона.
Не дека не беа за бркање, посебно Зејак, туку од финансиска гледна точка си чист зијан,
Како прво, зијан си со секој донесен странец, само од старт 3 кркачи ти требат за сертификат, башка некој други трошоци ( карти, визи и други техникалии ) за да дојдат.
Ами кај се, сместување, исхрана, плата, бонуси. ( ако се предвидени ).
Сигурно само за Иранецот и Зејак се фрлени досега најмалку 20 К,
Второ, за раскин на договори, сигурно сами не се согласиле да бидат избркани, само за предвремен спогодбен раскин на договор се имат спружено уште толку.
Еве нека не се толку, 30 К да се сума сумарум, то пара е не играчка ( за наши стандарди шо до вчера немавме лепак ) за шо?
Барем некој ќар да видеа од играчите, да допринесеа нешто, вака џабе фрлени пари во ветер.
Со тие пари ќе ја средеа салата внатрешно, ај шо нејќат то да го напрат, барем да се даеја на младите категории, да ги однесеа на некој турнир, опрема нешто да се земеше, било шо ќе се напраеше пополезно отколку да се фрлат пари на недокажани странци кои не изиграа ништо, не допринесоа ништо за клубот, освен шо се селфираа по инстаграми и фејсбуци, џабе потрошено време и пари...
Трето, допрва отказите ќе следат, и ќе се зголемват само трошоците, и шо ќе напрај Јошко сеа?
На сред сезона не се прај екипа, имаш лимитиран пазар на играчи, то шо е останато или е со сомнителен квалитет или е надвор од тренажен процес.
И се е коцка, и пак се од почеток, си врват сезоните, пари се фрлат за џабе, макар и да не се нашите, народните, на кој сака нека се, ние јадиме и ќе јадиме редовни шлапајнци од екипи ко Пролеќе, Охрид, а допрва ќе го сркаме од Бутел, новиот наш душман и ривал..
Дури и Охриѓани шо до вчера не поштоваја сеа почнаја да ни карат по утакмици..
